Синоќа била нападната канцеларијата на Здружението ЛГБТ Јунајтед. Имало и обиди за кршење на вратата. Исто така направени се и графити на врата како што може да видите на фотографиите. Освен двата симболи не вратата пишува и „УМРИ“ на албански јазик, објавија на Фејсбук ЛГБТ Јунајтед.
Потресен од случувањата. Беким Асани, претседателот на ЛГБТ Јунајтед кратко ни изјави дека моментално не е во состојба да даде изјава и дека ќе не контактира покасно.
Активистот Павле Богоевски во врска со нападот на ЛГБТ Јунајтед од Тетово за Фронтлајн вели дека ова е само уште еден доказ дека фашистичката, нацистичката и докртината на омраза кај нас постојат и имаат мошне силно влијание, посебно кај младите.
„Последниот случај со вандализирањето на канцелариите на ЛГБТИ Јунајтед е само уште еден доказ дека фашистичката, нацистичката и докртината на омраза кај нас постојат и имаат мошне силно влијание, посебно кај младите. Ние премногу долго се правиме слепи пред овој проблем и ваквите дејства ги препишуваме на контото на „младешки будалаштини“. Тие, младешки будалаштини, кога растат се претвораат во политики на прогон, насилство и омраза, во дела на омраза и во општество на омраза. Затоа, проблемот со радикализација на населението треба да биде императив на целото општество, посебно на политичките партии, кои често се и главни промотори на таа радикализација.“, изјави Богоевски за Фронтлајн
Ова не е прв пат да е нападнат Беким Асани и ЛГБТ Јунајтед.
Во август 2020 година Асани беше нападнат од двајца насилници, на 200 метри од канцеларијата на ЛГБТ Јунајтед во Тетово.
Ме удираа со боксови по лицето, изјави тогаш Асани.
Здружението како што имаме известено во неколку наврати, е многу активно и непрестано донира средства и намирници на ЛГБТИ лицата за полесно да ја пребродат корона кризата.
Јане Ѓорѓиоски