ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Мицкоски против Мицкоски во „Кратки нозе“: Пратеникот Реџепи бил „киднапиран“ или „се премислил“?

November 21, 2021 09:46
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, селфи од неговиот ФБ профил, 11 ноември 2021 година

Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, селфи од неговиот ФБ профил, 11 ноември 2021 година

Share on FacebookShare on Twitter

На 17 ноември, во интервјуто за „Топ Тема“ на Телма, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, меѓу другото зборуваше и за собраниската седница за гласање недоверба на Владата на 11 ноември, неуспехот на опозицијата да обезбеди мнозинство и отсуството на пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи.

Мицкоски прво вели дека е тоа лична одлука на пратеникот кој се премислил, дека ја почитува и нема повеќе намера да зборува за неа:

„…Фактот е дека имавме 61 потпис од пратениците коишто заедно со допис беа доставени до претседавачот во парламентот. Во меѓувреме, еден од тие пратеници одлучил, ете да верува во тие вредности во кои самиот тој кажува и да не се појави на седницата… / Но, во ред, ете тој се премислил, одлучил да постапи така како што постапил, и јас го почитувам тоа и немам намера повеќе што да зборувам по таа негова постапка…“

Но, неколку минути подоцна, Мицкоски повторно почна да тврди дека пратеникот не се премислил, туку дека бил киднапиран:

Мицкоски: Не велам дека не е легитимно вие да киднапирате пратеници, потоа да им давате текстови да читаат пред камера на бела позадина, па потоа да ги убедите да излезат во јавност, и така натаму…

Новинар: Па имате доказ за тоа?

Мицкоски: Јас доказ немам. Јас доказ немам, но имате ли вие доказ дека не било…?“

Инаку, ова не е првпат во овие денови Мицкоски да си противречи сам на себе за ова прашање. Да потсетиме, тој беше дел од опозициските политичари кои од 11 ноември и недоаѓањето на Реџепи во Собранието тврдеа дека тој бил киднапиран и дека заради тоа нема мнозинство за гласање на недоверба на владата.

„Динамичен ден. Киднапиран пратеник, криминал, уцени, срам, и нормално најголемата желба на СДСМ-ДУИ да ме немало во политиката…“ – објави Мицкоски на Фејсбук вечерта на 11 ноември, по видео-обраќањето на пратеникот Реџепи, а пред завршувањето на седницата за гласање на недоверба на владата.

Но, на 16 ноември, еден ден откако Реџепи излезе на прес-конференција, Мицкоски гостуваше на српската „ТВ Хепи“, каде кажа дека еден пратеник „се предомисли“.

„За жал не успеавме, така е, и покрај тоа што имавме 61 потпис, што е апсолутно мнозинство во македонскиот парламент, но ете, еден се предомисли кој пред тоа, пар денови пред тоа, мислам недела дена пред тоа се потпиша на тој список.“

На 17 ноември, пак, пред неговото вечерно гостување на Телма, во изјава за медиуми на настан во Кисела Вода, Мицкоски повторно тврдеше дека имало „буквално киднапиран“ пратеник кој под присила давал изјави:

„Профилот е јасен, на човек којшто е практично киднапиран, и којшто под присила мора да дава изјави такви какви што дава…прво треба да имаме одговор на прашањето што се случи со пратеникот кој беше буквално киднапиран, не можеше неговото семејство да стапи в контакт со него“

И покрај тоа што и самиот Мицкоски во „Топ Тема“ призна дека нема докази за тврдењата кои потоа и сам си ги демантираше, некои медиуми продолжија со ширење на овие дезинформации.  „Република“ објави содржина со наслов: „Мицкоски: Власта сама себе се бојкотираше, пратеник како во Боливија читаше напишана изјава, а во позадина бел ѕид “ , во која има фотомонтажа на Реџепи како киднапиран од Заев и Ахмети со автоматско оружје.

Видовте и сами, Мицкоски во интервјуто, а и пред тоа, тврдеше дека пратеник бил киднапиран, па се премислил, па бил киднапиран, па сам одлучил да не дојде на седница, па пак бил киднапиран! Останува само да видиме, дали Мицкоски ќе се договори – со Мицкоски.

Петрит Сарачини / Цивил Медиа

Next Post
PA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Локдауни и протести низ Европа, СЗО загрижена поради ширењето на Ковид-19

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk