ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Советничка на генералниот секретар на ОН: Отстранете го муралот на Ратко Младиќ

November 21, 2021 11:19
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Советничка на генералниот секретар на ОН за спречување на геноцид, Алис Ваирим Ндерит. Фото: N1

Советничка на генералниот секретар на ОН за спречување на геноцид, Алис Ваирим Ндерит. Фото: N1

Share on FacebookShare on Twitter

Признавањето дека се случил геноцид не значи дека не се случиле и други злосторства, исто како што осудувањето лице за геноцид не значи дека вината е колективна, вели советничката на генералниот секретар на ОН за спречување на геноцид, Алис Ваирим Ндерит, која беше во тридневна посета на Белград. Во интервју за српски Н1, Ндериту вели дека дебатата, како што рече, за муралот на осудениот Ратко Младиќ открива подлабоки процеси и напоменува дека за тоа треба да зборува општеството.

„Мислам дека муралот дава простор за таков разговор. Обезбедува простор, но не треба да постои. Мојот став и совет до сите со кои разговарав беше: „Ве молам отстранете го муралот“. Тоа е совет од некој што видел толку насилство и толку многу војни во светот, и затоа велам: „Отстранете го муралот“. И кога велам дека муралот треба да се отстрани, мислам и на други мурали со луѓе кои се осудени“, изјави Ндериту.

Поставувањето на муралот на Ратко Младиќ во Белград, покрена лавина реакции

Полицаец во цивилна облека пред две недели во Белград ја уапси активистката за човекови права Аида Чоровиќ, откако таа фрлила неколку јајца на муралот на Ратко Младиќ во Белград, потврдија за медиумите активисти на невладини организации кои претходно најавија дека денеска ќе го обојат муралот, но полицијата го забрани собирот поради „безбедносни причини“, пренесува Блиц.рс.

Пребојувањето на муралот го најавија Младинската иницијатива за човекови права и поранешната шефица на Фондот за хуманитарно право Наташа Кандиќ, а најавено е и учество на повеќе невладини организации од БиХ и Хрватска.

Јутарни Лист извести дека полицијата го забранила собирот со цел „да се избегнат конфликти“, а соопшти дека „го штити јавниот ред и мир“, обвинувајќи одредени медиуми „со политички интереси и цели на нивните сопственици“ дека „уште еднаш лажат и го напаѓаат МУП“.

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин, во образложението за забраната за собирот, рече дека дозвола да се соберат нема да добијат ниту оние кои имаат намера да го пресликаат муралот, ниту оние кои сакаат да го зачуваат, оценувајќи дека поканата на невладините организации од БиХ, Хрватска, Жени во црно и други да дојдат во Белград „за да ги обојат фасадите, лицемерно, се предводени од зла намера“.

Младинската иницијатива за човекови права (ЈИЧП), како иницијатор за отстранување на муралот, во отворено писмо соопшти дека ќе се откаже од акцијата бидејќи „тоа повеќе не е обичен мурал, туку споменик на Младиќ, подигнат од непознат автор, но ставен под српска заштита од страна на Министерот Александар Вулин, како и од молкот на претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ“.

Ј. Ѓ.

 

 

 

Next Post

Преку 50.000 посетители го виделе павилјонот на Северна Македонија на Дубаи Експо 2020

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk