ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Најпрофитабилните компании во Србија се во странска сопственост

November 22, 2021 17:48
in БИЗНИС, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Иако српската економија работеше позитивно за време на пандемијата 2020 година, дури 19 компании кои лани беа меѓу 100-те најпрофитабилни, минатата година завршија со загуби. Според тоа, ранг-листата на првите пет по добивка значително се разликува во однос на преткризната 2019 година, додека кај петте со најголеми бизнис приходи имаше помалку изненадувања. Заедничко им е тоа што меѓу најуспешните преовладуваат компании во странска сопственост, се посочува во изданието Бизнис ТОП објавено од магазинот Бизнис и финансии.

– Само две компании останаа меѓу најпрофитабилните минатата година, Tигар Тајлерс и Теленор. Од листата испадна Нафтената индустрија на Србија (НИС), која беше лидер по профит во 2019 година, додека на прво место е Електростопанство на Србија (ЕПС), која беше на 13-та место според остварената нето добивка, се наведува во изданието Бизнис Топ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, благодарение на подобрите резултати во сите деловни сегменти, особено во примарниот бизнис, ЕПС минатата година ја зголеми добивката за 3,5 пати, на 12,9 милијарди динари, што е 1,8 отсто од вкупната нето добивка на целата економија. Во 2020 година, најголемиот производител на електрична енергија во Србија беше лидер во однос на приходите, во однос на вредноста на имотот и капиталот, но акумулираше и најголема вкупна загуба од 192,7 милијарди динари или пет проценти од вкупната загуба на ниво на целата економија.

На второ место е Тигар Тајлерс, кој напредуваше на листата на најпрофитабилни од четвртата позиција во 2019 година. Производителот на гуми од Пирот, и покрај минатогодишните прекини на производството поради антиепидемиските мерки, го зголеми годишниот профит за 2,1 отсто, на 9,2 милијарди динари. Теленор, како и во 2019 година, во 2020 година беше на третото место на најпрофитабилни, и покрај тоа што неговиот годишен профит од 8,4 милијарди динари беше помал за една петтина.

Минатата година на четврто место се најде компанијата Зиџин Купер, која имаше најголем пад на добивката во 2019 година и беше на 18-та позиција меѓу најпрофитабилните. Во 2020 година кинеската компанија го зголеми профитот за 2,6 пати, на 8,4 милијарди динари благодарение на растот на рударското производство, што влијаеше и на зголемувањето на оперативните приходи.

На петтото место според профитот во 2020 година е Кока-Кола ХБЦ Србија, која беше на 14-тото место на листата на најпрофитабилни во 2019 година. Компанијата лани ја зголемила добивката за 55,6 отсто, на 5,7 милијарди динари. Овој раст е остварен пред се поради повисоката добивка од финансирањето, додека приходите од продажба на пијалоци се помали за една петтина во однос на 2019 година.

Секторските анализи објавени во изданието Бизнис Топ 2020/21 покажуваат дека повеќето од најважните индустриски гранки почнаа да закрепнуваат оваа година. Значителни отстапувања од овој тренд се забележуваат во фармацевтската индустрија, која за разлика од 2020 година, кога беше меѓу најголемите добитници на пандемијата, годинава бележи пад на производството на лекови, извозот и бројот на вработени.

Земјоделството и прехранбената индустрија продолжуваат да имаат суфицит во надворешнотрговската размена, но наспроти минатогодишниот рекорд, земјоделското производство годинава ќе биде помало поради последиците од сушата.

И прехранбената индустрија бележи изразен годишен пад на производството, што е особено загрижувачко ако се има предвид дека тоа е тренд кој се бележи веќе неколку години, уште пред да се наруши пазарот од пандемијата.

Најголема неизвесност се уште владее кај вработените во туризмот и угостителството, иако годинашните показатели се нешто подобри од ланските.

извор: МИА

Next Post

Демант на објавениот текст во медиумот 360 Степени со наслов „Охридските плажи не биле дивоградби, според новиот градоначалник, кој најавува дека повторно ќе се издаваат под концесија“

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk