ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Почната постапка за одземање на лиценцата на „Беса Транс“, немал извод од лиценца за автобусот

November 23, 2021 19:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Почитувани претставници на медиумите почитувани граѓани, најпрво го изразувам моето најдлабоко жалење за жртвите во несреќата. Несомнено ова е еден од најтажните денови во поновата македонска историја. Министерството за транспорт и врски во соработка со другите институции и бугарските власти максимално работи на утврдување на сите причини за настанатата несреќа, истакна министерот Бочварски на вечерашната прес-конференција.

– Превозникот до Министерството за транспорт и врски доставил барање на 18.07.2018 за добивање на лиценца за вршење на меѓународен транспорт на патници. Кон барањето превозникот доставил уредна документација со важечки потврди за исполнување на техничко-експлоатационите услови со еуро стандард на возилата Еуро 3 стандард и Еуро 4 стандард. Исто така, доставил и список од ПИОМ на вработени возачи во редовен работен однос. Со барањето за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, превозникот ги исполнил условите за добивање на лиценца и издадена му е лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници со сериски број 007017 со важност од 08.08.2018 година до 08.08.2022 година, објасна министерот.

– Според комплетната документација содржана во системот на Министерството за транспорт и врски , превозникот до овој момент има уредна лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, истакна Бочварски.

-Во системот на Министерството за транспорт и врски конкретниот превозник е заведен со 4 возила кои поседуваат лиценца за превоз. Според член 11 став 1 од Законот за превоз во патниот сообраќај, превозникот може да започне да врши превоз на патници во внатрешени и меѓународен патен сообраќај, откако ќе добие лиценца и извод од лиценца за моторно возило. По добиените информации од Министерството за внатрешни работи за опожареното возило, констатиравме дека истото не било пријавено од страна на превозникот согласно член 11 став 5 од Законот за превоз во патен сообраќај и поради тоа возилото го нема во електронската база на податоци на Министерството за транспорт и врски, рече Бочварски.

При констатиран недостаток во работењето и по предлог на Државен инспекторат за транспорт, Министерството за транспорт и врски може да ја одземе лиценцата за работа на превозникот, информира министерот.

М. М.

Next Post

Османи: По процесот на идентификација, организирани и достоинствено ќе бидат пренесени останките на загинатите

НАЈНОВО

Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025
Скриншот

Џенсон Батон стави крај на професионалната кариера во Ф1

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk