ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Дали човештвото е уморно од себе?

Анти-утопијата чука на вратата... Белешка за уништеното општество, со неколку (не толку) наивни прашања и дилеми. Не мора да значи дека станува збор за македонското општество. Тоа и онака (речиси) не постои. Како и многу други.

November 23, 2021 09:00
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Кога луѓето, во огромни бројки, ќе се поделат меѓу себе по линија на тоа кој ѝ верува на науката или не, веќе нема надеж за тоа општество. И кога станува масовна тенденцијата да им се верува на лагите, наспроти очигледните факти, прашањето – што, по ѓаволите, се случува со општеството – станува реторичко.

Прашањето не е повеќе што се случува во, туку со општеството. Предлогот „во“ се менува во „со“ зависно од пропорциите на состојбата. Кога на поединци или групи ќе им се случи нешто, се вели дека тоа нешто се случува во општеството. Но кога голем дел од тоа општество ќе го опфати некоја состојба, тогаш нешто се случува со општеството. (Мораше ли да се објаснува ова? Со оглед на состојбите, изгледа дека – да.)

Драстичните промени во однесувањето, намалената способност да се помни, да се мисли и да се носат самостојни одлуки, се симптоми на деменција. Тоа ли се случува со општеството? Паднало во состојба на деменција?

Одбивањето на фактите, здравиот разум и логиката не се прашање на верата или верските слободи – човек да верува во што сака. Неприфаќањето на логиката и на фактите не значи дека се искористува некое право или слобода. Тоа нема врска со човековите права и слободи. Тоа едноставно може да значи дека 1) некој е толку глупав што не може да разбере, 2) има некоја друга цел, сака да скрие или да добие нешто со одбивањето на очигледните факти, 3) таа или тој е жртва на обработка на политичка или верска пропаганда.

Или, да ја скратиме приказната, време е да признаеме дека пропагандата беше и остана најсилното оружје во рацете на човекот. И во историјата и во сегашноста се познати состојбите на деменција (или масовна психоза) на општеството. Фашизмот, сталинизмот, нацизмот… Ако прифатиме дека и тие биле и поминале (навистина, оставајќи неизмерни разорувања и страдања зад себе), можеби тука останува трошка надеж.

Или можеби и не. Никогаш порано знаењата не биле толку достапни, а да владее толкаво незнаење. Никогаш порано немало потреба да се покренуваат цели кампањи за да се докажува дека планетата не е рамна, дека во вакцините нема чипови, дека науката не е манипулација… Никогаш порано немало толкава вулгарност во одбрана на „честа“.

Сепак, секогаш имало толку омраза во одбрана на „љубовта“ кон нацијата, секогаш имало толку омраза кон „нечистите“, „неверните“ и „различните“.

Дискутабилно е дали постои момент на свесна одлука на таа (ментална) патека кон целосното напуштање на слободната волја и прифаќањето на незнаењето. Што е потребно човек да се откаже од фактите за да ги прифати „догмите“ на пропагандата? Или уште пострашно, да ја препушти контролата на сопствените мисли во рацете на други. Универзалните човечки вредности да ги замени со омраза и деструкција.

Последно, (не толку) наивно прашање: Дали човештвото е уморно од себе?

Кој би рекол дека на толку апсурден начин ќе пропадне општеството. Анти-утопијата чука на вратата. „Новиот“ човек, во бесознание, ѝ отвора.

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот).

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Горан Божичевиќ

Не е време за навивање – време е за будност

June 8, 2025

Златната пена на секојдневието

June 8, 2025

Португалија и Шпанија ќе играат за трофејот во Лигата на нации

June 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Златната пена на секојдневието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk