ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски за ТВ21: Во разрешувањето на Нора Шакири нема простор за било какви калкулации и селективност

November 24, 2021 21:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Нора Шакири Марковиќ утрово беше разрешена од функцијата в.д директор Театар Комедија, а одлуката за ова решение стигнала од Министерството за култура.

Според информациите, оваа смена доаѓа по анонимната пријава за мобинг од страна на Шакири. Таа преку својот Фејсбук профил обвинува дека нејзиното разрешување е неосновано и дека во институцијата не е стигната никаква пријава за вршење на мобинг.

ТВ21 побара и став од вицепремиерот Љупчо Николовски, кој вели дека во месец септември до неговиот кабинет пристигнало анонимна претставка за в.д директорката на Национална установа Театар Комедија, Нора Шаќири, во која подносителот пријавил дека во институцијата се казнуваат лица директно со дисциплински постапки кои не се предвидени во статутот на институцијата.

„При тоа, подносителот посочува дека лицата се казнети и парично во време на изборен процес. Претставката беше анализирана од страна на мојот кабинет и пратена до соодветната надлежна институција, во случајов, Министерството за култура. Министерството за култура по претставката веднаш се има обратено до Државниот инспекторат за труд за понатамошно постапување по случајот. На 16-ти овој месец, Инспекторатот изврши вонреден инспекциски надзор кај работодавачот, НУ Театар Комедија. Во извештајот од инспекторатот е утврдено дека работодавачот спровел дициплинска постапка и изрекол дисциплинска мерка на работник во време на изборен процес, односно после распишување на локалните избори со што сторил повреда на член 8а став 1 точка 3 од Изборниот законик, но и повреда на член 34 став 1 алинеа 3 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси“, вели Николовски за ТВ21.

Николовски потенцира дека кабинетот постапува по сите претставки кои пристигнуваат и ги спроведува до соодветната институција.

„И во овој случај беше доставен до Министерството за култура за понатамошно постапување. Нема простор за било какви калкулации и селективност во постапувањето. Сите сме еднакви пред законите и институциите мора неселективно да постапуваат владеењето на правото е основното начело по кое се водиме“, додава Николовски.

Инаку, на местото на Шаќири е поставена Магдалена Ризова Черних.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Спасовски: Врз основа на резултатите од истрагата ќе постапиме, гарантирам дека органите ќе реагираат брзо и ефикасно

НАЈНОВО

„Сцена за сечиј сон“ – Отворен 4. Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во Скопје

October 16, 2025

Шукова: Скопје мора да се врати на луѓето град по мерка на човекот, не на автомобилите

October 16, 2025

Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од локални до национални: Зошто изборите во општините со мнозинство албански гласачи се клучни?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk