Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.939 тестирања, а регистрирани се 442 нови случаи со Ковид-19, пет починати и 373 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од новозаболените во Скопје има 168, Битола 41, Прилеп 31, Кавадарци 24, Охрид 15, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Кочани по 13, Делчево 11, Ресен и Валандово по 10, Демир Хисар 9, Неготино и Берово по 8, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш по 7, Тетово 3, Македонска Каменица 2 и Гостивар, Кичево, Струга, Виница, Пробиштип, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Пехчево по 1.
Од петте починати две лица се од Скопје (57г, 78г) и по едно од Делчево (83г), Кочани (77г) и Крива Паланка (84г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Од 373 оздравени пациенти од Скопје се 165, Прилеп 36, Битола 27, Крива Паланка 15, Куманово 14, Кочани 13, Охрид 11, Кавадарци и Кратово по 9, Струмица и Неготино по 8, Демир Хисар 7, Штип, Ресен и Кичево по 6, Гевгелија 5, Велес, Берово и Радовиш по 4, Тетово, Струга и Пробиштип по 3, Виница 2 и Свети Николе, Богданци, Пехчево, Крушево и Демир Капија по 1.
Дополнително, согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“ се пријавени пет починати лица со датум на смрт од 11.11.2021 до 22.11.2021. Регистрираните починати лица се од Охрид, Делчево, Македонска Каменица, Тетово и Кочани. Починатите лица се на возраст од 65 до 86 години, од кои едно лице е починато во домашни услови, а четири во болнички услови.
Направени се 2.939 тестови преку: ИЈЗ-338, ЦЈЗ Скопје-73, ЦЈЗ Битола-69, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–35, ЦЈЗ Куманово-57, Институт за микробиологија–179, Жан Митрев (Филип Втори)-100, Авицена-151, Биотек-125, Систина-40, лабораторија Лаор-115, Синлаб-12, Ремедика-17, Плодност–51, Генеа-7, Никоб лаб-261, ВФВ Медикал-43, Ели Медика-24, Ројал Медика–15, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–2 и ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.173.
Досега во земјата се направени вкупно 1.456.023 тестирања на Ковид-19.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 213.307, бројот на оздравени пациенти е 197.493, на починати е 7.474, а на активни случаи изнесува 8.339.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови: Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 93200 3832
Куманово 12791 266
Тетово 11279 152
Прилеп 10071 419
Битола 8447 685
Гостивар 8057 37
Велес 7229 363
Кавадарци 6837 311
Штип 6529 204
Охрид 6373 258
Струмица 6053 150
Кичево 4212 88
Кочани 3940 210
Струга 3891 59
Гевгелија 2761 156
Неготино 2544 85
Свети Николе 2094 72
Крива Паланка 1854 141
Ресен 1715 105
Радовиш 1704 77
Дебар 1454 0
Берово 1395 100
Делчево 1350 140
Виница 1140 43
Пробиштип 1103 34
Валандово 912 49
Кратово 750 61
Богданци 636 40
Демир Хисар 595 84
Крушево 575 23
Македонски Брод 487 8
Демир Капија 421 7
Македонска Каменица 401 62
Пехчево 347 16
Дојран 159 2.