Алтернатива за утревечер во 18 часот има закажано седница на Централното претседателство, кое треба да му даде насока на Централното собрание, највисок орган на партијата, кое ќе донесе одлука дали тие ќе станат дел од Владата и парламентарното мнозинство или ќе останат дел од опозицискиот блок, пренесува РСЕ.
Владејачката СДСМ, пак, утревечер ќе одржи состанок на Централниот одбор на кој се очекува да се разговара за најавената оставка на претседателот на партијата и премиер Зоран Заев.
Двете седници на раководствата, и на Алтернатива и на СДСМ, беа одложени поради катастрофалната сообраќајна несреќа на македонски автобус во Бугарија во која загинаа 45 луѓе, по што беше прогласена тридневна жалост.