ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Протест против одговорот на Основното јавно обвинителство за нападите врз ЛГБТИ активистите

November 25, 2021 18:24
in ДЕНЕС, МУЛТИКУЛТУРА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Прес-конференција и протест против одговорот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) за нападите врз ЛГБТИ активистите ќе се одржи на 29.11.2021 во 11 часот пред ОЈО, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ).

– Цели седум години по насилничкиот напад во Дамар за време на роденденот на ЛГБТИ Центарот за поддршка, Јавното обвинителство деновиве достави, благо речено, СРАМЕН ОДГОВОР на поднесената кривичната пријава, наведувајќи дека не располага со технологија за распознавање на лицата кои се снимени како го вршат нападот., истакнуваат од НМХТ

„Девет години по нападот врз ЛГБТИ Центарот во Старата скопска чаршија, сѐ уште немаме НИКАКОВ ОДГОВОР од обвинителството.

Нема НИКАКОВ ОДГОВОР и за три други напади насочени кон ЛГБТИ заедницата, а мотивирани од предрасуди, нетрпеливост и омраза.

Овој дрзок и непрофесионален однос од институција која би требало да обрнува посебно внимание на злосторствата извршени од омраза, нѐ остава со неизбежното прашање – не дали, туку кого штити обвинителството? Дали има одредени групи и поединци за кои не смее да се постапува? И дали има одредени групи, како што се социјално маргинализираните, ЛГБТИ лицата или жените-жртви на сексуално насилство, кои практично немаат никаква заштита од обвинителството и честопати се подложени на двојна виктимизација токму од страна на институциите.

Заклучокот од (не)постапувањето е дека ЈО има разбирање за насилниците, а не и за жртвите. Дека ова тврдење не е претерано, говорат и други случаи кои периодов се актуелни во јавноста, а се поврзани со гонење на сторители на сообраќајни несреќи со смртен исход, случаите на насилство врз жени, како и случајот на сексуално возмнемирување на жени „Јавна соба“ и т.н. „Ромска јавна соба“. Кривичните дела, пак, поврзани со говор на омраза, практично не ни постојат во делокругот на обвинителството, и покрај законската обврска за нивно процесирање.

Ова не е прва реакција на граѓанските организации за работата на обвинителството, но со оглед на немањето слух и отсуството на промени во дејствувањето, нема да биде ни последна. Сметаме дека недовербата на граѓаните во системот и вкупната состојба со владеењето на правото, во голем дел се должи токму на потфрлувањето на обвинителските органи да ја извршуваат својата надлежност доследно и професионално.

Оттука, го повикуваме Советот на јавни обвинители поригорозно да ја следи работата на јавните обвинители и да биде поактивен во утврдувањето на нестручно и несовесно вршење на функцијата. Обвинителството е клучна алка во системот и без коренити промени во овој дел, залудни се надежите за поширока општествена промена која ќе значи еднаквост на сите граѓаани пред законите и еднакво третман на сите луѓе во општеството.“, се вели во најавата на протестот во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија

Next Post

Спасовски: Шпекулации се информациите за туби со гориво во автобусот на „Беса Транс“

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk