ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Какви дезинформации и теории на заговор се ширеа на протестот против вакцинацијата во Скопје?

November 27, 2021 13:17
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како што засилува новиот бран на пандемијата и се заоструваат мерките за справување со коронавирусот, така се засилуваат и дезинформациите за Ковид 19 и вакцините, честопати зачинети со неверојатни теории на заговор. Протестот на противниците на вакцините и мерките на 20 ноември во Скопје пред Собранието, изобилуваше со вакви содржини.

 

Од видеото од протестот на Слободен Печат со наслов:  Блуд, сатанизација, чипови, роботи, хаос – еве во кои заговори веруваат македонските антиваксери, издвојуваме една теорија на конспирација и две флагрантни дезинформации.  Говорничка на протестот, без да наведе никакви докази, зборува за некаков план на сеопшто уништување: „Нивниот план е до 2030 сè да уништат, а највише им сметаат Македонците…“, продолжувајќи да реди дезинформации зошто токму Македонците биле мета на планот на уништување.

Друга говорничка на протестот, пак, вели дека „информира“, а всушност изнесува груби дезинформации, вклучително и тоа дека многу луѓе се разболеле од самите тестови.

Дел од медиумските содржини сатиризираа со насловите и ги квалификуваа изнесените ставови како дезинформации и фантастични приказни. Освен прилогот со наслов „Блуд, сатанизација, чипови, роботи, хаос – еве во кои заговори веруваат македонските антиваксери“, Слободен печат на 20 ноември ја објави и содржината „ВИДЕО | Не за вакцини, ДА за теории на заговор: Чавки вртат над Собрание, ќе станеме роботи“

Но, на дел од медиумите, дезинформациите од протестите им легнаа одлично за „ловење“ на публиката со сензационалистички наслови, без соодветно оградување или посочување дека искажаното не е поткрепено со факти. Таков е примерот со порталот Скопје1, кој објави содржина со наслов: „Антиваксерка до пратениците: Дали имате психијатри? Во мозок треба да се вакцинирате“ . Порталот на Фокус, пак објави содржина со наслов: Протест против вакцинација: Бил Гејтс сака да изврши депопулација на планетата! Порталот Локално објави содржина со наслов:  „Од денешниот протест пред Собранието: „Сакаат да ја уништат старата цивилизација за да го воспостават новиот поредок“.

Само преку насловите, може да се воочи разлика во пристапот кон дезинформациите од протестот кај овие медиуми. Дел од нив ја разбрале нивната одговорност за проверка на информациите или ставовите што ги пренесуваат до публиката, но дел од нив, очигледно – не.

Ваквите дезинформации и теории на заговори предизвикуваат реална штета по јавното здравје. Токму затоа, одговорните медиуми и новинари треба постојано да вршат проверка на факти за да превенираат штета при објавување на дезинформации и теории на заговори во врска со пандемијата.

Извор: ЦИВИЛ

Next Post

Шахпаска - Менгини: Низ процес на широки консултации ќе дојдеме до најдобриот закон за родова еднаквост

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk