Започна постапката за кандидирање за претседател на #СДСМ, изборите ќе се одржат на 12 декември, соопштуваат од партијата.
„Кандидат за претседател на СДСМ може да биде секој член кој ги исполнува условите наведени во Статутот и Правилникот за одржување внатрепартиски избори, меѓу кои што стои дека кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.
Постапката за кандидарање започнува денеска и ќе трае седум дена“, соопштија од СДСМ.







