ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Вистиномер: Нема докази дека вакцината на „Фајзер“ предизвикува згрутчување на крвта

November 28, 2021 14:05
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема докази дека вакцината на „Фајзер“ ја оштетува човековата крв и ја онеспособува крвта да го носи кислородот низ крвотокот. Консензусот на медицинската заедница која третира пациенти со ковид не соодветствува со ова тврдење. До 4 ноември оваа година, ставени се повеќе од 245 милиони дози од вакцината на „Фајзер“ и ниту ФДА, ниту ЦДЦ, немаат издадено предупредување или друг извештај за потенцијални тромбови, или згрутчување на крвта предизвикано од вакцината на „Фајзер“, пишува „Вистиномер“.

Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека ковид вакцината е „тивка смрт“. Во постот е споделена фотографија од напис на порталот „Коловрт“, кој во континуитет споделува дезинформации против вакцинацијата. Во насловот во склоп на постот се вели:

Доктор ја тестирал фајзеровата вакцина против ковид 19 на примероци од човекова крв и она што го открил е полошо од најлошата ноќна мора.

Споменатиот доктор е контроверзна личност сама по себе, и се вика Роберт Флеминг. Во 2018 година, „Бостон Глоуб“ пишува дека Флеминг има извалкано досие на научник. ФДА му издала забрана за соработка со кој било што има дозвола од ФДА или аплицира за истата од десет години, заради сознанија дека има две кривични дела во минатото, вклучително и измама.

Флеминг, според написот во постот што го рецензираме, тестирал како под микроскоп изгледа крв во која нема вакцина на „Фајзер“ против ковид и како изгледа крв која има фајзерова вакцина во себе. Според напишаното, во делот каде што вакцината не продрела, крвта е богата и црвена, но на местата каде што вакцината е аплицирана, крвта е поретка и е бледа, односно ја губи својата црвена боја. Таа црвена боја доаѓа од кислородот во неа, односно хемоглобинот, заклучува Флеминг и додава дека:

Крвта која протекува низ човекот, кога ќе ѝ биде додадена вакцината од „Фајзер“, ќе има намалена стабилност да го носи животоносечкиот кислород од белите дробови до целото тело.

Ова, според текстот споделен во постот, би предизвикало згрутчување на крвта.

Но, нема докази дека вакцината на „Фајзер“ ја оштетува човековата крв и дека ја онеспособува крвта да го носи кислородот низ крвотокот. Консензусот на медицинската заедница, која третира пациенти со ковид, не соодветствува со ова тврдење.

На пример, во „Журналот на автоимуност“, автори на студија од август месец 2021 година за вакцината на „Фајзер“, наведуваат дека не создава тромбови. Овој труд е цитиран во уште седум други трудови, според Националната американска библиотека за медицина. Портпаролот на „Фајзер“ за странски проверувачи на факти, на прашањето дали вакцината против ковид на „Фајзер“ создава згрутчување на крвта, на 4 ноември одговара дека нема докази за да се сугерира таквото тврдење.

Создавањето тромбови не е на листата на сериозни несакани дејства од вакцината на „Фајзер“ на страницата на Центарот за контрола и превенција од болести (ЦДЦ). ФДА и ЦДЦ се одговорни за долготрајни набљудувања на несакани реакции од ковид вакцините. На страницата на ФДА за безбедноста на вакцината, исто така, не се споменува создавање на тромбови како потенцијален несакан ефект од вакцината на „Фајзер“.

Странски проверувачи на факти, исто така, пишуваат дека во експериментот не е користен електронски микроскоп кој има висока резолуција.

До 4 ноември 2021 година, администрирани се повеќе од 245 милиони дози од вакцината на „Фајзер“ и ниту ФДА, ниту ЦДЦ, немаат издадено предупредување или друг извештај за потенцијални тромбови или згрутчување на крвта предизвикано од вакцината на „Фајзер“.

Доктор Волтер Олерстајн, професор по инфективни болести на „Емари универзитетот“ вели дека не му се познати какви било проблеми со згрутчување на крвта после вакцина од „Фајзер“, ниту пак, какви било медицински научни студии за згрутчување на крвта предизвикано од мРНК вакцините ( изјавата може да се слушне на следниот линк во ова аудио).

Професорот Том Вингфилд од „Универзитетот Ливерпул“ за „Ројтерс“ вели дека моменталните истражувања не докажуваат дека има линк меѓу мНРК ковид вакцините и згрутчување на крвта.

Силно ги охрабрувам луѓето да дојдат и да ја примат животоспасувачката вакцина, вели тој.

Според него, тромбови во мозокот се случуваат со стапка од 5 до 16 случаи на милион луѓе годишно. Извештаи од Регулаторната агенција за медицина на В. Британија велат дека после првата доза од вакцината на „АстраЗенека“ инциденцата за згрутчување на крвта е 14,9 случаи на милион, а после втората доза 1,8 случаи на милион.

Но, за вакцината на „Фајзер“ ова не е посочен како несакан ефект.

Поради горенаведените факти, оценуваме дека нема докази дека вакцината на „Фајзер“ предизвикува згрутчување на крвта, пишува „Вистиномер“.

Next Post

Очекуваме во наредните денови да има конкретни чекори на размена на предлози со Софија, вели Османи

Најново

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

Маск на суд против OpenAI: Бара 130 милијарди долари отштета и предупредува на „Терминатор сценарио

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk