ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вархеји: Полициската соработка во ЈИЕ клучна за безбедносното партнерство со ЕУ

November 30, 2021 12:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Остварен е голем напредок помеѓу ЕУ и соседите во Југоисточна Европа во полициската соработка и во споредба со другите сфери, оваа сега е најнапредната соработка помеѓу ЕУ и директните соседи, рече во видео пораката еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на 22-от состанок на Комитетот на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа, што се одржува во Скопје.

Според него, Конвенцијата за полициска соработка за ЈИЕ е еден од темелите за таквата соработка и клучен елемент за де факто безбедносното партнерство што ЕУ го разви со регионот.

Вархеји додаде дека денеска се прави уште еден чекор напред на Конвенцијата со потпишување на Протоколот за менување на Спогодбата за автоматизирана размена на ДНК податоци и за регистрирани возила помеѓу шесте земји членки и шест соседни држави.

Во видео обраќањето Вархеји повика да се покажат и позитивни резултати во кривичните истраги, кривичното гонење и осудителните пресуди за тешки сериозни кривични дела.

Според Вархеји, поради глобализацијата на безбедносните закани сите држави мора континуирано да се адаптираат на сите промени, да ги обезбедуваат своите граници и да се борат против транснационалниот криминал, организираниот криминал, шверцот на луѓе и тероризмот.

– Сите овие закани може да ги решаваме заедно само со заеднички напори. Ако полициите и Агенциите за спроведување на законот соработуваат и разменуваат информации, порача Вархеји.

Тој меѓу другото информира дека во ЕУ има проекти во однос на прекуграничната полициска соработка и борбата против организираниот криминал и тероризмот, во вкупна вредност од 32 милиони евра за Западниот Балкан и 11 милиони евра во другите источни земји.

Еврокомесарот за проширување истакна дека е пријатно изненаден и импресиониран од резултатите на следењето на трагите на незаконската трговија со дрога и незаконската миграција.

– Апсењето на 330 осомничени лица и започнување на 37 нови истраги навистина ги надмина нашите очекувања и она што беше постигнато во 2019 година, кога имавме 166 апсења, рече тој и изрази надеж дека во новиот Емпакт циклус резултатите уште повеќе ќе се подобрат.

Ние, како што истакна Вархеји, ќе продолжиме со развивањето на нашето партнерство, преку процесот на пристапување кон ЕУ и тоа во областите во борбата против организираниот криминал и тероризмот.

– Очекуваме навистина голем напредок да се постигне во усогласувањето со политиките за гонење и практиките на ЕУ, особено од аспект на соработката на полицијата, нагласи еврокомесарот за проширување.

На состанокот на Конвенцијата говореше и италијанската министерка за внатрешни работи Лучана Ламорџезе, која меѓу другото истакна дека ќе продолжи со нејзината поддршка за миграциските политики и на безбедноста, како и на легитимното очекување за признавање на остварените напори.

Таа се заблагодари за вложениот напор во полето во превенцијата и борбата против криминалните феномени.

– Упатувам надеж дека што поскоро сите ќе можеме и формално да бидеме дел од европското семејство и со цврста решителност да ја продолжиме нашата соработка, порача министерката Ламорџезе, која денеска ќе има билатерална средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

извор: МИА

Next Post

Вистиномер: Вакцините не убиваат, ПЦР тестовите нема да ве заразат со корона

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk