ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: На видеоснимката од хотелот во Истанбул не се патниците кои загинаа во кобната несреќа

November 30, 2021 16:14
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Компанијата „Беса Транс“ демантираше дека изгорениот автобус се наоѓа на видеото што се споделува на Фејсбук. Нема докази дека на посоченото видео се наоѓаат патниците од несреќата. На видеото не се гледа кој патник се качува во кој автобус, туку само се гледа како чекаат пред хотелот, пишува „Вистиномер“.

Текстот го пренесуваме во целост:

Откако се случи трагичната несреќа во Бугарија, каде превезувајќи се во автобус на агенцијата „Беса Транс“, животот го загубија 45 патници, на социјалните мрежи и во медиумите почнаа да протекуваат бројни неофицијални информации, од кои дел невистинити.

Некои од нив, беа преземени и оригинално објавени од странски медиуми, а таков е и примерот што е предмет на оваа рецензија, со видеоснимката од наводното качување на патниците во Истанбул, непосредно откако излегле од хотелот во кој престојувале, а за да го започнат патувањето за враќање во Скопје.

Турскиот медиум „Haberler.com“, прв го објави ова видео, а потоа беше преземено од повеќе домашни медиуми. Таков пример може да се погледне на овој линк. На следниот линк има цел кластер објавен на агрегаторот за вести Тајм.мк, од сите медиуми кои го објавиле видеото.

На следниот пост написот од овој медиум е споделен на Фејсбук. Во коментарите дел од граѓаните пишуваат дека ова претставува вознемирување на семејствата, затоа што видеото нема никаква поврзаност со несреќата. Во сите објавени вести, не е посочено дали патниците кои се регистрирани на видеоснимките се патниците кои се превезувале во автобусот кој заврши кобно. Со оглед на тоа што во Истанбул на викенд организирани тури се упатуваат голем број на автобуси од земјава и од Скопје, тоа значи дека се инволвирани голем број на луѓе, семејства и патници. Не сите од нив биле во спорниот автобус.

Автобусот, според официјални информации од Царинската управа на Република Северна Македонија бил со регистерски ознаки СК 0284 БА.

На видеото кое се споделува од сигурносните камери од хотелот во Истанбул, не е евидентирана ниедна регистерска ознака. Од видеото не може да се заклучи дека патниците од хотелот се качуваат токму во спорниот автобус.

Компанијата „Беса Транс“ демантираше дека изгорениот автобус се наоѓа на тоа видео.

Немаме зборови и не верувавме дека и во овие случаи, медиумите ќе дезинформираат и ќе дистрибуираат некои видеа од хотел во кој престојувале дел од нашите патници. Меѓу автобусите што се појавуваат на тие видеа не е автобусот од трагичната несреќа. Бараме од сите медиуми да го објават ова, а не да го искористуваат трагичниот случај. Ние немајќи официјална информација, не преземавме никакви чекори за информирање на јавноста, така што како колку што е можно да се држат настрана од дезинформации, рекоа оттаму.

Нема докази дека на посоченото видео се наоѓаат патниците од несреќата. На видеото не се гледа кој патник се качува во кој автобус, туку само се гледа како чекаат пред хотелот. Не постои јавен интерес кој е исполнет со објавувањето на овие снимки, дури и кога на него би се појавувале навистина патниците од сообраќајката што не е случај. Со оглед на сето ова оценуваме дека во овој случај станува збор за дезинформација, пишува „Вистиномер“.

 

Next Post

ОАЕ: 100 отсто од населението вакцинирани со најмалку една доза

Shortcut

Најново

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk