Катерина Панов Кожаров
Ти…ти си во првиот допир на мајчината рака
и земјата фрлена над капакот
Ти си во темјанот што чади на празник
и мирисот на човекот кој заминува
Ти си во спокојот ноќен
и струењето на циклонот над океанот
Ти си во вкусот на салепот со цимет
и капките од рибино масло
Ти си во третата чаша вино
и стравот во нападот на паника
Ти си во совршеното вечерно коктел здолниште
и згужваната утринска ноќница
Ти си во занесот од нотите што граничи со стварноста
и гракањето на ‘гарванот’
Ти си во увертирата
и фуснотата на крајот од страната
јас… јас сум тука… секаде помеѓу…
Катерина Панов Кожаров (1983) е македонска поетеса, родум од Струмица. Професор е по англиски јазик. Редовно зема учество во поетски читања.
Избор: Тања Кармзова – Костиглиола