ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Маричиќ: Академијата за судии и јавни обвинители е единствена гаранција дека во правосудството ќе влезат најдобрите кадри

December 1, 2021 20:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

На свечениот настан што се одржа по повод 15-годишнината од основањето на Академијата за судии и јавни обвинители, министерот за правда Бојан Маричиќ во своето обраќање даде краток осврт на важноста и значењето на Академијата, како и на заложбите што Министерството за правда и Владата ги прават за нејзин развој и усовршување преку реформата во правосудниот систем.

-Тука Академијата ја игра најважната улога. Таа е „храм на образованието во правосудниот систем“, изворот на квалитетни и стручни судии и јавни обвинители и единствена гаранција дека во правосудството ќе влезат најдобрите кадри. Но, може да се каже и дека е појдовна точка за целокупниот правосуден систем со значајна улога на чувар на достоинството и кредибилитетот на судиите и јавните обвинители– рече Маричиќ во своето обраќање.

Тој потенцираше дека измените и дополнувањата на Законот за Академија на судиите и јавните обвинители се во насока на исполнување на заложбата и ангажманот на Владата и Министерството за правда во процесот на креирање на независен, непристрасен и ефикасен правосуден систем кој одговара на европските стандарди.

-Академијата и понатаму останува единствена точка за влез во судството и јавното обвинителството, каде судиите и јавните обвинители во континуитет добиваат стручно усовршување на теоретските и практичните знаења според однапред подготвени програми, дизајнирани според потребите на целните групи. Ова е формулата која носи квалитет во правосудниот систем и продуцира кадри на судии и обвинители кои покрај домашното законодавство, ја знаат и применуваат Европската Конвенција за човекови права и слободи, законодавството на ЕУ и други меѓународни стандарди – додаде Маричиќ.

На крајот министерот за правда испрати честитка за досегашната работа на Академијата и посака да продолжи посветено работи и понатаму заради квалитетот на идните генерации на судии и јавни обвинители, заради заштита на професијата, заради граѓаните, но и заради напредокот на државата која одлучно работи на европската агенда.

Академијата му додели Благодарница за неговиот ангажман и придонес како министер за правда во развојот на Академијата за судии и јавни обвинители.

Next Post

Ван Керхове: СЗО за неколку дена ќе знае колку новиот омикрон сој е заразен

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk