ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Обезбедуваме услови и поддршка за секое дете да добие квалитетно образование и целосно да се реализира во општеството

December 3, 2021 10:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Лицата со попреченост можат и го менуваат светот. Тие се подеднакво активни учесници во општествените процеси и промени. Овој 3 Декември, испраќаме силна порака дека сите ние, лично и институционално, треба да се бориме против стереотипите дека попреченоста е бариера за поединецот да поставува лични цели, да се стреми кон нивно остварување и да дава придонес кон развојот на државата, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во обраќањето по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.

Таа посочи дека МОН и Владата направија значаен исчекор во унапредувањето на правата и можностите за квалитетно образование на децата со попреченост. Како што рече, во 2021 година, образовниот систем значително го подигна нивото на инклузивност, а напорите на институциите на системот предводени од МОН имаат конкретен исход.

– Постигнавме целосна инклузија во делот на основното образование. Новите материјали за учење се достапни во електронска и аудиоверзија, а првпат и на Брајово писмо за сите ученици со оштетен вид. Посебните основни училишта се трансформираа во училишта со ресурсни центри, стручните служби во училиштата се зајакнати, а услугата образовна асистенција стана системско решение. Во моментов 500 образовни асистенти обезбедуваат поддршка во процесот на едукација за учениците во редовните училишта и тоа повеќе не е трошок на семејствата на учениците, туку обврска на државата, рече Царовска.

Со цел да го поттикне вклучувањето на децата со атипичен развој во редовна настава, МОН во соработка со европските партнери и граѓанскиот сектор обезбеди стипендии за запишување во прво и за второ одделение, а зголемен е и месечниот износ на стипендиите кои МОН ги доделува за средношколците со попреченост за над 27 отсто. Обезбедувањето на пристапност, наведува МОН во соопштението, стана задолжителен услов кој треба да се исполни за добивање финансиски средства од МОН за адаптација, реновирање или изградба на училишни објекти.

– Меѓународниот ден на лицата со попреченост е потсетник за сите да бидеме добри сограѓани, добри раководители на институциите на системот и да се заложиме лицата со попреченост да имаат поквалитетен живот, нагласи министерката Царовска.

Министерството за образование и наука наведува и дека водејќи се по начелото на еднаквост, работи на натамошно унапредување на процесот на инклузија како еден од основните столбови на кои се темелат современите граѓански општества и образовни системи.

извор: МИА

Next Post

Јовановиќ: Го одбрани ли Груевски македонскиот идентитет или само ги наполни џебовите

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk