ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Не е точно дека возачот на „Беса транс“ заспал и дека немало негова реакција

December 6, 2021 16:35
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ТРАГЕДИИ И КАТАСТРОФИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пост на Фејсбук шири дезинформации во врска со автобуската несреќа, која се случи на автопатот Струма во Бугарија во која 45 лица загинаа, а 7 беа повредени, во делот на причините, поточно дека возачот на автобусот заспал зад воланот, пишува „Вистиномер“.

Во објавата се споделува напис со наслов „Ова е возачот на автобусот: Љупчо можел да ја избегне трагедијата?“, во кој се пласираат шпекулации и непроверени информации за тоа како дошло до несреќата.

Написот се повикува на шпекулации објавени во бугарски медиуми и се посочува дека виновник за трагедијата бил шоферот на автобусот.

Љупчо Зафиров е возачот кој управувал со автобусот на „Беса транс“ кој вчера се запали на автопат во Бугарија и загинаа 46 лица. Бугарските медиуми од почетокот шпекулираа дека причина за несреќата најверојатно е „грешка на возачот“ бидејќи возел со брзина од сто километри на час и дека „не постои ниту милиметар трага од кочење“. Според нивното сценарио, тој изгубил контрола над автобусот, по што возилото удрило во обележаната банкина и се запалил од последица на ударот. Другата веројатност е дека пукнала гума пред тој да ја изгуби контролата над возилото кое потоа удрило во банкината, по што избил пожар, се вели во написот.

Но, првичните сознанија на бугарските експерти за сообраќај ги негираа ваквите информации. Имено, тие потврдија дека шоферот не заспал, дека имало траги од кочење, што значи дека тој реагирал, но и дека возел со брзина која била според пропишаното.

На двапати има траги на кочење. Првиот е малку пред автобусот да удри во банкината и вториот пат кратко пред да удри во втората банкина. За нас информацијата која ја добивме е – возачот на автобусот не заспал, малку пред местото се извршува реконструкција на патот каде што се преминува од едната лента во другата и каде што се стеснува патот. Значи, ако тој заспал поголема е веројатноста несреќата да се случила таму, изјави Румен Дунев, автомобилски истражител.

Дека возачот не заспал потврда стигна и од бугарската Извршна агенција „Автомобилска управа“, чиј прв човек за бугарските медиуми информираше дека автобусот кој ја поминал турско-бугарската граница во 21.15 часот, растојанието од границата до местото на несреќата, од околу 320 километри, со се паузата, ја поминал за околу пет часа, што укажува дека тој возел со нормална брзина. Со истата брзина се движеле и другите три автобуси на „Беса транс“. На автопатот Струма максимална дозволена брзина е 120 км/час.

Со сигурност имало двајца возачи. Едниот загинал на местото за одмор во автобусот, каде одмарал вториот возач. Се надевам дека се смениле на местото на одморот пред несреќата, на влезот на автопатот „Струма“, таму да се смениле, и нема причина возачот да не се одморил 30 километри претходно и да се случи несреќата. Можеби имало некаква друга причина за несреќата дали моментално невнимание, расеаност, дали некаква грешка на возачот или некаква друга техничка неисправност, но тоа ќе го утврдат истражните органи, информираше Бојко Рановски од извршната агенција „Автомобилска управа“ на Бугарија.

Од сето ова можеме да заклучиме дека написот наместо да пренесува проверени и точни информации, се повикува на шпекулации и истите ги пренесува како факти. Не е точно дека шоферот заспал и затоа автобусот удрил, како што не е точна ниту информацијата дека немало никакво кочење и реакција од шоферот. Поради тоа, написот ќе го означиме како невистинит, пишува „Вистиномер“.

 

Next Post

Пендаровски – Ангеловска Бежоска: Успешно се одржува макроекономската стабилност, економијата постепено закрепнува

Shortcut

Најново

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk