ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ќе се прави проект за жичарница Тетово-Попова Шапка, уште се разгледуваат опциите за странски инвестиции

December 8, 2021 15:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Инвестиции за вештачки снег, но и за целосна продажба, партнерство и други видови на соработка се уште се разгледуваат од државните институции за тоа дали Попова Шапка ќе се раководи и од приватни странски компании.

Според министерот за економија Крешник Бектешти за ски-центарот освен за јавно приватно партнерство, како и за целосна приватизација има и друг вид понуди.

– Комисијата која е формирана за развој на Попова Шапка е во функција и редовно има состаноци и токму овие проекти, овие инвестиции што веќе ги презентира директорот произлегуваат во склоп на дискусиите, предлозите, идеите што се даваат во таа комисија, а секако дека и внатре во менаџментот на ЕЛЕМ Турс. Ние веќе имаме неколку понуди во однос на Попова Шапка, но не само за Попова Шапка во делот на ски-центрите и развивање на ски-центрите во нашата држава се разгледуваат сите опции, се разгледуваат нивните бизнис планови, нивните понуди, а сериозна Влада, сериозен менаџмент како што е менаџментот на ЕЛЕМ Турс не ги чека само да се заокружи тој процес, но паралелно со тоа инвестира со можностите што ги има се со цел да ја зголеми вредноста на Попова Шапка бидејќи Попова Шапка е на сите граѓани на нашата држава, посебно на граѓаните кои гравитираат во склоп на Полошкиот регион и Општина Тетово, рече Бектеши.

Директорот на ЕЛЕМ Турс Адем Авзиу рече дека ќе се прави идеен проект за жичарница од Тетово до Попова Шапка.

– Околу жичарата Тетово – Попова Шапка ние веќе имаме планови за истото. Во консултација сме цело време со ресорниот министер. Неговата поддршка е целосна околу овој проект. Ја сможам да најавам дека веќе за годишниот план за јавни набавки за 2022 година има предвидено средства околу идејниот проект за жичарата. Тоа е огромен проект, голема инвестиција за која што треба и поголеми средства и време за реализација бидејќи не е едноставно, тоа е многу сериозна и обемна работа.   За вештачкиот снег имавме претставници на фирма од Италија. Ги очекуваме нивните првични понуди и проценки за воведување на вештачки снег на ски-стазите Поток 1, Поток 2 и Аеродром. Договорени бевме до крајот на месец декември да имаме првичен предлог колку би можело тоа да кошта и како би можело тоа да се реализира, изјави Авзиу.

На новинарско прашање како ќе се справува Попова Шапка со сметот,  Авзиу истакна дека тоа е надлежност на општината и ги повика општинските органи да преземаат нешто бидејќи, како што рече, тоа е првата слика на ски-центарот./МИА/.

Next Post

Заев: Верувам дека партнерството помеѓу Германија и Северна Македонија ќе се интензивира

EVN

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

April 18, 2026
Фото: ТАВ Аеродроми

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk