– Само генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари видел добро од партијата ВМРО-ДПМНЕ, додека пак сите други изгубивме, рече пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејди, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
„ВМРО-ДПМНЕ не се спремни да водат сериозни процеси напред, мислам за ЕУ. На добар пат се тоа да го направат, но сè уште треба јасно да се изјаснат за некои работи, како Преспанскиот договор, и.т.н. Ние изгубивме многу со таа коалиција. Граѓаните не казнија и добивме 30.000 гласови помалку. Ниту направивме анкета пред избори за да видиме што мислат граѓаните. На крај, испадна дека само Таравари виде добро од ВМРО затоа што стана градоначалник на Гостивар со помош на ВМРО“, порача Реџепи.