ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Стопанската комора на Северна Македонија со стратешки промени во работењето, од утре почнуваат со работа четири нови совети

December 8, 2021 11:32
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Стопанската комора на Северна Македонија најавува неколку стратешки промени во работењето со кои компаниите во Комората треба да препознаат силен партнер кој ќе ги имплементира современите трендови и практики на дејствување.

Новиот концепт на работа насловен како „Комора на иднината“, како што информираат од Комората, е на барање на компаниите.

Клучната промена е функционирањето на четири нови совети фокусирани на развој, иновации и знаење, кои треба да креираат алатки за таа цел како што се Институт за извоз, Школа за бизнис лидери, Клуб на извозници, Клуб на старт ап компании, Модули за поддршка на мали и средни претпријатија, Берза на труд, преквалификации, вмрежувања, едукација, како и организирање на меѓународни конференции.

Советите стартуваат од утре. Веќе се конституирани, со усвоени програми за работа и финансиски планови и во нив членуваат звучни имиња од бизнис заедницата, научната и академската фела кои можат да помогнат во овие процеси.

– Значи, минатонеделниот заеднички настап на компаниите од Западен Балкан на Саемот во Тирана, вчерашната промоција на платформата за дигитализација на процесите за издавање на е-сертификатите за потекло и утрешниот почеток на работа на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања, потврдуваат дека големиот проект „Комора на иднината“ веќе се имплементира. Тоа е постигнато со макотрпна и упорна работа на Комората во изминатите 15 години, кога од амбисот успеа да во своите редови денес ги има десетте најголеми, најпрофитабилни и извозно ориентирани компании, како и десетте најуспешни бизнисмени, десетте најдобри коморски кадрови во државата, десет регионални експерти итн. На тој начин во пресрет на 100-годишнината од своето основање, докажува дека е трасиран патот и за наредниот 100-годишен период, наведува Комората во денешното соопштение.

Комората е добитник и на наградата „Дигитален шампион за 2021 година“, што на министерската конференција на Светската трговска организација во Женева, ја доделија WTO, ICC и ITC, во конкуренција од повеќе од 100 апликанти. Според компаниите-членки на Комората, придобивките се поголеми од очекувањата и тие бараат Комората да продолжи со дигитализацијата во сите процеси.

извор: МИА

Next Post
Бојан Петрески

Неуспешните политички игри на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и (само)уништувањето на Беса

НАЈНОВО

Две малолетнички тешко повредени, паднале од електричен тротинет

November 16, 2025

Убиена 79 годишна жена во Штип, убиецот ја закопал во дворот

November 16, 2025

Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

November 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ВИ актерка

    (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk