ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Почнуваат преговори за можноста за набавка на јаглен од Косово во Северна Македонија

December 10, 2021 15:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Можноста за набавка на јаглен од Република Косово за потребите на Северна Македонија за зголемување на домашното производство на електрична енергија била тема на разговор на состанокот на министерот за економија Крешник Бектеши, придружуван од заменик- директорот на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Имер Зенку со министерката за економија на Република Косово, Артане Ризваноли и директорот на Косовската енергетска корпорација (КЕК) Нагип Красниќи.

На состанокот, како што информираат од кабинетот на Бектеши, било договорено во наредниот период да биде потпишан Меморандум за разбирање меѓу двете земји со кој ќе се обезбедат потребните количини јаглен за непречено производство на електрична енергија од домашните енергетски капацитети во Северна Македонија.

Бектеши, се вели во соопштението, најпрвин и се заблагодари на министерката Ризваноли за приемот и и посакал успех во нејзиниот мандат во иднина, и додал дека секоја криза бара соработка и дека двете страни се заинтересирани за натамошно продлабочување на соработката во иднина.

– Како Северна Македонија секогаш сме подготвени и заинтересирани да ја зголемиме соработката со Република Косово на секое поле, особено сега кога се соочуваме со здравствената и енергетската криза поради која сме собрани денеска. Значи, ние и претходно сме разговаравме, многу сме заинтересирани да ја продлабочиме соработката особено во однос на набавка на јаглен од Република Косово во Северна Македонија за потребите на функционирањето на термоцентралите бидејќи капацитетите во однос на експлоатација на јаглен ни се ограничиени и имајќи предвид дека Косово има значителни резерви сметаме дека техничките тимови треба да изнајдат решение кое ќе биде вин-вин и за Република Косово, но и за Северна Македонија. На тој начин да се зголеми соработката не само со увозот на јаглен, туку и во однос на пазарот на електрична енергија воопшто за двете земји. Ние сме крајно заинтересирани да се изнајде такво решение, имајќи предвид дека во одредени месеци и Косово можеби ќе треба да увезува струја од Северна Македонија и обратно, но за да се постигне тоа сигурно треба да го зголемиме производниот капацитет. Верувам дека еден ваков договор, од кој ќе имаат корист и двете земји, ќе биде договор кој во наредниот период период ќе обезбеди стабилност во снабдувањето со електрична енергија, истакна министерот Бектеши.

Министерка за економија на Косово, Артане Ризваноли, се вели во соопштението, рекла дека треба активно да се работи во иднина и изразила согласност дека од овој договор ќе имаат придобивки граѓанитете на двете земји.

– Сакам да ви се заблагодарам за сета соработка што ја имавме досега и за сета поддршка што му ја дававте на нашиот енергетски сектор не само сега туку и во минатото.  Секако, соработката воопшто и визијата и стратегијата што ја имаме пред нас, предвидува поблиска регионална соработка со Албанија и Северна Македонија, но надвор од тоа не можеме поради фактот што сме во време кога сите се соочуваме со енергетска криза.  Секако дека ја поздравувам оваа средба за да видиме што можеме да направиме освен долгорочна соработка и стратегија, што можеме да направиме за да си помогнеме меѓусебно. Уверена сум дека придобивките ќе бидат двострани, очекувам да бидеме коректни во преговорите и да вложиме напори да помогнеме во искористувањето на ситуацијата, важно е заедно да соработуваме за да што е можно полесно ги надминеме ефектите од оваа криза, кажа Ризваноли ан состанокот.

За време на официјалната посета и средба биле разменети мислења и за важни прашања поврзани со продлабочувањето на трговската соработка меѓу двете земји, идните проекти и со посебен акцент на соработката во енергетскиот сектор.

извор: МИА

Next Post

Во Белгија се очекува сојот омикрон да стане доминантен на почетокот на 2022 година

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk