ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шолц дава безрезервна поддршка за отворање на патот кон ЕУ за Северна Македонија

December 10, 2021 12:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Германската амбасадорка во Северна Македонија Анке Холштајн во интервју за Дојче веле нагласува дека официјален Берлин не поддржува никакви алтернативи за полноправното членство на земјите од Западниот Балкан во ЕУ и истакнува дека очекува брз почеток на пристапните преговори.

Таа е уверена дека повеќе од симбол е тоа што новата државна министерка за Европа во германското МНР, Ана Лирман како прв странски гостин ќе го прими вицепремиерот за европски прашања на Северна Македонија Никола Димитров.

Таа во интервјуто напомена дека во коалицискиот договор на новата германска Влада предводена од Олаф Шолц има јасни насоки за натамошна поддршка на Западен Балкан и конкретни насоки во однос на Северна Македонија

-Ние го поддржуваме пристапниот процес кон ЕУ на шесте држави од Западниот Балкан и потребните реформи за исполнување на сите Копенхашки критериуми. Во оваа рамка го засилуваме граѓанското општество и ги поддржуваме натамошните чекори за приближување. Во следниот чекор, мора да бидат отворени првите поглавја со Северна Македонија и Албанија, цитираше таа дел од коалицискиот договор.

Во коалицискиот договор, додаде таа Западен Балкан е дел од ЕУ и не постои алтернатива за членството на овие земји во Унијата.

Потсетувајќи дека ЕУ е заедница на држави, во која владее принципот на консензус, Холштајн во врска со спорот со Бугарија напомена дека Германија и под водството на Ангела Меркел сторила се што е во нејзина моќ за да го ослободи патот на земјава кон ЕУ, а вети дека безрезевна поддршка ќе има и од новата сојузна Влада на Шолц.

Во врска со тоа дека во Скопје и Софија наскоро ќе има нови влади и колку е реално очекувањето спорот да се реши до првата половина на јануари, Холштајн вели дека Северна Македонија сторила сѐ за да биде слободен патот за првата меѓувладина конференција, и предусловите се тука.

-Германија и Европската комисија, како и речиси сите земји-членки, неуморно работат за брз почеток на пристапните преговори, и сите знаеме кој е влогот, истакна германската амбасадорка Анке Холштајн во интервју за Дојче веле.

извор: МИА

Next Post

Битиќи: Бизнис конфедерацијата на Македонија веќе 20 години работи одговорно, посветено, принципиелно и етички

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk