Беше една напорна година за Амнести Интернешнл но вроди со позитивни промени што се случуваат низ целиот свет. Законите беа изменети, освоени беа доста награди, а нивните поддржувачи продолжија да водат кампања со страст да обезбедат живот без тортура, вознемирување или неправедно затворање. Еве преглед на победите за човекови права што треба да се прослават оваа година…
Јануари
Револуционерниот извештај на Aмнести Инстернешнл за тоа како здравствените работници ширум светот биле изложени, замолчувани и напаѓани за време на пандемијата „Ковид-19“, резултираше со тоа што Ибрахим Бадави, лекар и Ахмад ал-Дајдуми, стоматолог беа ослободени од притвор во Египет во јануари и март годинава. Тие беа само двајца од многуте здравствени работници приведени во 2020 година во Египет, под нејасни и премногу сериозни обвиненија за „ширење лажни вести“ и „тероризам“, што Амнести ги истакна во своето истражување.
Февруари
По избувнувањето на Ковид-19 во Шри Ланка, голем број луѓе од муслиманската заедница беа насилно кремирани по инструкции на властите и против желбите на семејствата на починатите. Амнести интернешнал ги повика властите на Шри Ланка да го почитуваат правото на верските малцинства да ги извршуваат последните обреди на нивните роднини во согласност со нивните сопствени традиции, освен ако не се потребни ограничувања за да се спречи ширењето на СОВИД-19.
Амнести, исто така, се ангажираше со државите на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) за да влијае на владата на Шри Ланка да ја промени оваа дискриминаторска политика, и објави текстови во Пакистан и Бангладеш пред клучната седница на Советот за човекови права на Обединетите нации. Како резултат на тоа, властите на Шри Ланка одлучија да ја прекинат практиката на принудно кремирање на жртвите на Ковид-19 во февруари.
Март
Амнести интернешнал помогна да се ослободат неколку затвореници во Бахреин оваа година, вклучително и четири деца на кои им се судеше како возрасни. Во март, судот во Бахреин ја суспендираше шестмесечната затворска казна против четворицата и наместо тоа ги стави во програма за рехабилитација, една недела откако Амнести издаде итна постапка. Во април имаше уште добри вести со ослободувањето на затвореникот на „совеста“, Мохамед Хасан Џавад, кој отслужуваше 15-годишна затворска казна за неговото мирно учество во бунтот во 2011 година. Амнести интернешнал води кампања за негово ослободување веќе една деценија.
Април
Во март, јапонскиот суд пресуди дека неуспехот на владата да ги признае истополовите бракови е неуставен.
Одлуката беше револуционерен чекор за истополовите парови во нивната потрага по еднакви права и може да постави важен преседан за слични случаи поднесени од други истополови парови во Јапонија. Ова следеше по повиците и петициите на кампањата од Амнести интернешенл и други.
Во март, октомври и ноември, Меѓународниот кривичен суд (МКС) објави дека ќе отвори формални истраги за ситуацијата на Окупираната палестинска територија, смртоносната „војна против дрогата“ на филипинската влада и злосторствата против човештвото во Венецуела.
Амнести интернешенел ги документира злосторствата против човештвото во сите овие земји веќе неколку години.
По неколку месеци одбивање да го признае Ковид-19, владата на Мадагаскар конечно се откажа од политиката на одбивање да нарача вакцини против Ковид-19 по притисокот од Амнести и други, давајќи им на луѓето шанса да пристапат до вакцини кои спасуваат живот.
Во март, полицијата ја обнови истрагата за убиствата на најдобрите пријателки Попи Квабе и Бонгека Фунгула во 2017 година од Јужна Африка, откако доби петиција потпишана од повеќе од 341.000 поддржувачи на Амнести интернешенл ширум светот, барајќи нивните убијци да бидат изведени пред лицето на правдата.
Полицијата сега ја заврши истрагата и го предаде случајот на Националното обвинителство на земјата. По години вознемиреност и гнев поради неправилностите и одложувањата во првичната полициска истрага, пријателите и семејствата на Попи и Бонгека конечно имаат причина да веруваат дека правдата за нивните најблиски е на повидок. „Се чувствувам оптимистично“, рече сестрата на Попи, Тембелихле. „Чувствувам дека конечно нешто ќе се промени“.
Април
Амнести интернешенл го објави својот водечки годишен извештај, Состојбата на човековите права во светот. Ова последно издание ја опфати состојбата со човековите права во 149 земји и беше преведено на рекордни 38 јазици. Исто така, вклучуваше конкретни повици за застапување за низа прашања за човековите права.
Мај
Амнести интернешенл ја освои престижната награда Веби за нејзината веб-страна за злоупотребата на солзавец од страна на полициските сили ширум светот. Веб-страницата првично беше лансирана во средината на 2020 година и често се ажурира со нови содржини и докази за злоупотреби.
Материјалот, исто така, сè уште се цитира во тековното застапување, вклучително и во неодамнешните дебати во Конгресот на САД околу регулирањето или забраната полициска употреба на солзавец.
Јуни
Амнести интернешенл објави обемен извештај во кој детално објаснува како драконската репресија со која се соочуваат муслиманите во кинеската автономна ујгурска област Ксинџијанг е еднакво на злосторствата против човештвото. Извештајот доби значително глобално медиумско внимание и беше проследен со кампања со која се повикуваше на затворање на логорите за интернација.
До денес, петицијата „Ослободете ги затворениците од Ксинџијанг“ е потпишана од повеќе од 323.000 луѓе ширум светот, а националните тимови на Амнести интернешенл во 10 земји одржаа настани за предавање на петицијата.
По објавувањето на извештајот на Амнести интернешенл, „Борејќи се за здив“: Вториот бран на Ковид-19 во Непал, кој беше проследен со постојани кампањи и иницијативи за застапување, јапонската влада донираше 1,6 милиони вакцини на Непал, Бутан донираше 230.000 и ОК донираше 130.000 дози.
Јули
На 5 јули 2021 година, судот во Хондурас го осуди Дејвид Кастиљо, поранешен менаџер на компанијата Desarrollos Energéticos и одговорен за хидроелектричниот проект Agua Zarca, за учество во убиството на бранителот на човековите права Берта Касерес во 2016 година.
Амнести интернешенел со години води кампања за правда за Берта и продолжува да бара сите одговорни за наредбата или извршувањето на нејзиното убиство да се соочат со правдата.
На почетокот на 2021 година, данската влада предложи нацрт-закон до парламентот со кој на полицијата и се дава овластување да издаде „забрана за собирање“ доколку група луѓе покажат „однесување што поттикнува несигурност“. Амнести Данска и партнерите успешно ја спречија данската влада да го усвои законот, што би поставило непотребни ограничувања на правото на протест. Тие ја освоија наградата Граѓанска гордост за 2021 година за нивната кампања.
По падот на авганистанската влада откако талибанците ја презедоа власта во средината на август 2021 година, истражувачите на Амнести интернешенел продолжуваат да ги истражуваат злосторствата извршени од групата и беа во можност да проверат два масакри на народот Хазара во провинциите Газни и Дејкунди од страна на талибанските борци.
Овие извештаи беа меѓу првите докази дека талибанците продолжија да ги прогонуваат маргинализираните заедници во Авганистан додека ја преземаа контролата врз земјата.
Септември
Октомври
Наградата за новинарство на Европскиот парламент „Дафне Каруана“ му беше доделена на проектот „Пегазус“, со кој Амнести беше партнер со големи медиумски организации за да се разоткрие огромниот обем на прекршувања извршени преку таинствен сајбер надзор. Откритијата станаа светски наслови и доведоа до тоа компанијата за шпионски софтвер NSO Group да се најде на црната листа на САД, како и да предизвика истраги во повеќе земји и повици за соодветно регулирање на индустријата за надзор.
По интервенција на Амнести Интернешнл, австриската Келкос Енерџи ги повлече своите неосновани тужби за клевета против еколошките активисти Шпреса Лошај и Адриатик Гакафери oд Косово, кои јавно изразија загриженост за влијанието на хидроенергетските проекти врз животната средина. Австриската Келкос Енерџи ги користеше овие тужби за да ги заплаши и замолчи Шпреса и Адриатик да не зборуваат за можната еколошка штета предизвикана од експлоатацијата на природните ресурси на Косово од страна на компанијата.
Марија Миткоска