ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

СДСМ го поддржува Синдикатот и се бори за работничките права, недела станува неработен ден, минималната плата ќе расте и натаму

December 12, 2021 16:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Собранието на Република Северна Македонија, пратеничката група на СДСМ и коалицијата оствари средба со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија. Средбата беше остварена на нивно барање на која што поразговаравме за три клучни барања коишто тие ги имаат и за коишто се залагаат. Всушност, можам да кажам дека ние како СДСМ заедно со коалицијата секогаш сме ги поддржувале и ќе ги поддржуваме работничките права, истакна за медиумите пратеничката Снежана Калеска – Ванчева.

– СДСМ е прогресивна левичарска партија и во својата идеологија, во својата платформа основата е заштита на социјалните права и работнички права. Од таму сите барања коишто се испорачуваат од страна на работниците особено организирани преку репрезентативниот синдикат Сојузот на синдкати на Македонија се и те како легитимни. Дека е доказ оваа платформа, оваа идеологија којашто СДСМ и коалицијата во дело ја спроведува се и последните измени на Законот за работните односи или популарно наречен недела неработен ден, вели Калеска Ванчева.

– Покрај сите опструкции коишто ги имавме од опозицијата и тука најмногу можам да кажам ВМРО-ДПМНЕ, успеавме со новото парламентарно мнозинство во петокот во второ читање да ги поминеме измените за Законот за работни односи и конечно да овозможиме од први јануари недела да биде неработен ден. Всушност, ова беше едно од клучните барања и веќе им соопштивме на средбата на претставниците на Синдикатот дека тие барања можат да сметаат дека се веќе исполнети. Она што се однесува до второто барање околу минималната плата и зголемувањето на минималната плата повторно ќе кажам дека и тука парламентарното мнозинство апсолутно ги разбира барањата и ги поддржува.

– Дека е ова така говорат и политиките коишто оваа Влада и ова парламентарно мнозинство ги има и ги споведува последните четири години бидејќи минималната плата којашто долго време беше на ниво од 9.000 денари денеска е веќе над 15.000 денари. Нивното барање секако дека ќе биде разгледано, нивните предлози да тоа биде регуларано како процентуален износ од 60 проценти од просечната плата значи да го следи растот на просечната плата, ќе биде сериозно разгледано имајки ја во предвид определбата, платформата, но и програата на Владата за минималната плата до крајот на овој мандат да биде 20.000 денари.

– Јас верувам дека ќе се изнајде едно оптимално решение но секако имајќи ги во предвид пред се потребите на работниците, социјалноекономскиот статус, но и она што значи енергетска криза, економска криза, пандемиска криза, сите овие аспекти ќе бидат земени во предвид и јас верувам силно како дел од парламентарното мнозинство дека ќе го изнајдиме вистинското решение, заврши Калеска-Ванчева

Next Post

Тешка сообраќајна незгода во Дебар, седуммина повредени, двајца потешко

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk