ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

СТАР: Придружете се на 17-ти декември на маршот за стоп за насилството на сексуалните работници

December 13, 2021 12:15
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

17-ти декември е Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници. По тој повод, ние, сексуалните работници, здружени во СТАР – Прв Колектив на сексуални работници на Балканот и нашите поддржувачи ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини, во рамки на овогодинешната кампања, ја известуваме јавноста за одржувањето на четиринаесетиот по ред Марш на црвените чадори, велат во соопштенит од СТАР.

– Црвената е боја на убавината, а чадорот е глобален симбол на сексуалната работа кој ја симболизира заштитата од надворешни влијанија. Маршот, традиционално ќе се одржи во Скопје на 17.12.2021 (петок), и ќе започне во 12 часот, од пред платото на спомен куќата на Мајка Тереза на ул. Македонија и ќе заврши на плоштад „Филип II“. Пред започнување на маршот, сексуални работници ќе дадат  изјави за медиумите.

„Со овогодинешната кампања, повторно ќе ставиме акцент на потребата од декриминализација на сексуалната работа како најдобра правна рамка за унапредување на човековите, работничките и здравствените права на сексуалните работници, како и итноста од донесување нова правна рамка за регулација на сексуалната работа во Република Северна Македонија.

Иницијативата за декриминализација на сексуалната работа е започната од страна на неформалната Платформа за декриминализација на сексуалната работа, која ја сочинуваат три организации, СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција МАРГИНИ. Во рамки на спомената Платформа доставивме предлог иницијатива до надлежните органи за измени на Кривичниот законик (Член 191) и Законот за прекршоци против јавен ред и мир (Член 19) по кои се казнуваат одредени активности поврзани со сексуалната работа. Последователно како одговор кон доставената предлог иницијатива, од Министерството за правда како надлежен орган за измени на Кривичниот закон не информираа дека постапката за декриминализација на сексуалната работа треба да започне од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, кој е под надлежност на Министерството за внатрешни работи.

Во контекст на споменатото, ја известуваме јавноста и медиумите дека ние сексуалните работници и нашите семејства, егзистенцијално зависиме од сексуалната работа која за многумина од нас претставува примарен извор на приходи. Со почетокот на кризата предизвикана од КОВИД-19, ние сексуалните работници како маргинализирана заедница се најдовме во особено тешка ситуација, погодени од економски, социјален и здравствен аспект. Во услови кога сексуалната работа не е правно регулирана и признаена како дејност, сексуалните работници не се во можност да ги користат економските мерки од државата, што пак влијае врз нивната општа благосостојба.

Сексуалната работа е препознаена како најстарата професија на светот, а државата одбива да го признае трудот на најстарите работници на светот. Затоа, сакаме да ја истакнеме потребата од итно донесување на соодветен модел за регулација за сексуалната работа во Република Северна Македонија, и да ги прашаме надлежните институции: ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈА КОГА?

 Бараме итна и неодложна декриминализација на сексуалната работа, како најдобар модел за регулација на сексуалната работа, која ќе ги воочи потребите на нас сексуалните работници, ќе ни овозможи заштита на нашите човекови и работнички права, ќе ни обезбеди безбедни услови за работа, ќе не заштити од насилство и злоупотреба, ќе го подобри пристапот до правда и здравствени услуги и ќе влијае позитивно на благостојбата и достоинството на нашата заедница.

Со вклучување на сексуалните работници во процесите за донесување на нова соодветна законска регулатива за сексуалната работа, ќе ја оттргне заедницата од работ на општествените маргини и ќе придонесе за препознавање на нивниот труд.

Вашето присуство на овој настан по повод одбележување на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, ќе ни биде од големо значење особено во создавање на медиумски содржини кои ќе ги пренесат пораките и барањата на сексуалните работници во Република Северна Македонија, во насока на итно донесување на соодветна правна рамка за регулација на сексуалната работа во земјата.

Маршот на црвените чадори ќе се одржи во согласност со сите важечки протоколи и мерки за организирање на јавни настани од овој тип, со строго почитување на здравствените мерки за заштита.

Кампањата ќе може да ја следите и на нашите Фејсбук страници:  https://www.facebook.com/starsexwork/

https://www.facebook.com/hops.org

https://www.facebook.com/CoalitionMargins

Спроведувањето на кампањата по повод обележувањето на 17 Декември – Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници е поддржана од Фондација Отворено општество – Македонија“, се вели во соопштението на СТАР.

Next Post
Joep Bertrams

Финиш

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk