ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Барт Сомерс не е белгиски министер за здравство и не учествувал во лажна вакцинација, туку во тестирање пред вакцинација

December 14, 2021 16:36
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Првата дезинформација е дека Сомерс е министер за здравство на Белгија. Тој никогаш не бил на таа функција. Видеото, пак, е земено од телевизиска станица, а на него се гледа проба во вакцинален центар, кој уште не бил отворен во моментот на снимањето, меѓутоа се вршело тестирање на процедурата пред да биде навистина отворен за јавноста подоцна, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се вели дека белгискиот министер за здравство „лажно се вакцинирал“, а вакцината за другите луѓе е „убиствена“.

Во склоп на постот објавено е видео во кое се гледа дека медицинско лице му аплицира вакцина на Барт Сомерс, меѓутоа откако ја вади иглата од рамото, таа не се гледа.

Првата дезинформација е дека Сомерс е министер за здравство на Белгија. Тој никогаш не бил на таа функција.

Во времето кога е снимано видеото, министер за здравство на Белгија е Френк Ванденбрук.

Видеото, пак, е земено од телевизиска станица, а на него се гледа проба во вакцинален центар, кој уште не бил отворен во моментот на снимањето, меѓутоа се вршело тестирање на процедурата пред да биде навистина отворен за јавноста подоцна. Самиот Сомерс, на Твитер објасни што, всушност, се случило.

Да биде јасно дека за време на оваа проба, не беа администрирани вакцини. Ако се даваа вакцини, ќе викав „ааааа“ погласно, напиша тој.

Снимката била емитувана на вестите во Белгија од телевизијата ВРТ и оттогаш е предмет на теории на заговор. Проверувачите на факти од белгиското списание Кнак, го истражуваа видеото уште во март 2021 година и напишаа:

Во центарот за вакцинација Де Кимпел, се одржа симулација за да се подготви медицинскиот персонал за добро течење на вакциналниот процес и кампањата веднаш откако ќе пристигнат доволен број на вакцини. Станува збор за 50 актери и никој не сугерира дека вистински вакцини, всушност, навистина се администрираат. И министерот за внатрешни работи, Барт Сомерс, учествуваше во вежбата. Исто како и другите учесници и тој не прима вакцина. Така што, не е чудно што нема видлива игла на капачето.

Текстот од белгиските медиуми за денот кога се одвивала оваа симулација, уште постои.

Поради тоа што станувало збор за симулација, односно за вежба пред пристигнувањето на доволни количества вакцини, во настан на кој учествувале 50 лица само за да помогнат медицинскиот кадар да вежба брзина на нив, за подоцна да го спроведува вакциналниот процес брзо и ефикасно, кога вистински вакцините ќе пристигнат во Белгија, оценуваме дека не е точно оти белгискиот министер за здравство не примил вакцина туку лажна вакцина. Сомерс, освен тоа, не е ни белгиски министер за здравство.

Next Post

Тајм го прогласи Илон Маск за личност на годината: Кловн, генијалец, визионер и индустријалец

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk