ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Со измени на Законот за Царинската тарифа до поголема конкурентност на економијата

December 15, 2021 12:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Поголема конкурентност на домашните компании, зголемување на извозот, зголемено ангажирање на работна сила, отворање на нови работни места, вклучување на глобални синџири за создавање на додадена вредност и забрзување на економскиот раст на државата ќе предизвика Предлог-законот за изменување на Законот за Царинската тарифа што вчера беше усвоен од Владата.

Со овој закон, како што информира министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната прес-конференција во Владата, трајно се намалуваат или укинуваат царинските стапки на 258 производи кои се увезуваат во нашата држава, а со нивното намалување не се прекршуваат договорите за слободна трговија или трговската политика.

– Вкупната индиректна поддршка која се дава на стопанството, односно фискална импликација, со самото намалување на тарифите со овој Предлог-закон изнесува 810 милиони денари или 13 милиони евра на годишно ниво од вкупно наплатените приходи од 17,5 милиони евра по основ на овие тарифи. Ова претставува намалување на 74 отсто на фискалниот товар по основ на овие тарифи што претставува 12 отстотно учество во вкупните наплатени увозни давачки во 2020 година во вредност од околу 110 милиони евра. Тие средства ќе одат во стопанството и ќе значат повеќе инвестиции и нови работни места, рече Бесими.

Со усвојување на овој Предлог закон, потенцира, се излегува во пресрет на барањата на компаниите за усогласување на царинските стапки со стапките во Европската Унија, што, како што рече, е од особено значење за унапредување на производството, извозот и конкурентноста на компаниите.

-Најголем дел од намалените царински стапки се однесуваат на интермедијарни продукти кои се користат како суровини и репроматеријали во технолошко напредното производство, како и во секторите на автомобилската, метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија, кои во 2020 и почетокот на 2021 година се соочија со сериозни потешкотии поради пандемијата со КОВИД 19, прецизира Бесими и додаде дека овој Предлог закон предвидува укинување и на царинската стапка на природен гас.

Нагласи дека главна цел на Предлог-законот е хармонизирање на дел од царинските стапки со царинските стапки на Европската Унија и со самото тоа креирање на услови на поголема конкурентност на домашните компании во меѓународните пазари.

– Хармонизирањето на царинските стапки заедно со имплементацијата на ревидираната ПЕМ конвенција, која стапи во сила на 02.11.2021 година ќе придонесат за постепено прилагодување на условите кои постојат на пазарот на ЕУ. Оттука, ваквите мерки дополнети со веќе постоечките мултилатерални и билатерални договори за либерализација на трговијата како SAA, EFTA, CEFTA и билатералните договори со земји како што се Турција и Украина, кои овозможуваат пристап до пазар од преку 650 милиони потрошувачи, ќе придонесат во зголемување на атрактивноста на нашата земја за странските инвеститори, рече Бесими.

Според него, хармонизацијата на царинските стапки за одреден дел од тарифните линии претставува чекор напред во подготовката на реалниот сектор на условите во кои функционира единствениот европски пазар.

-Ваквите мерки на либерализацијата на трговијата добиваат особено значење во мали и отворени економии како нашата, каде пристапот кон големите пазари и недостатокот на трговски бариери претставуваат значаен дел од понудата за странските, но и домашните компании, потенцира Бесими./MИА/.

Next Post

Денарот е стабилен, шпекулациите не му користат на никого, вели Бесими

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk