ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Серхио Агуеро со солзи објави крај на кариерата

December 15, 2021 15:32
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Со емотивно обраќање и насолзени очи, 33-годишниот аргентински напаѓач на Барселона Серхио Агуеро прогласи попладнево предвремен крај на својата фудбалска кариера поради здравствени проблеми.

– Одлучив да престанам да играм професионален фудбал. Одлуката ја донесов поради своето здравје, поради проблемите кои ги имав пред месец и половина. Бев во добри раце на лекарскиот тим и тие ме советуваа да престнам да играм фудбал. Одлуката ја донесов пред десетина дена. Направив сè што беше во мој моќ да задржам барем и најмала надеж, но не одеше. Горд сум на мојата кариера и среќен за тоа што го постигнав, изјави Агуеро на прес-конференцијата во Барселона, во придружба на претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта, а поддршка дојде да му изрази и неговиот поранешен тренер во Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

– Сакам да им се заблагодарам на сите кои ми помогнаа во Атлетико Мадрид, каде дојдов на 18-годишна возраст, на луѓето во Сити, кои знаат колку многу ми значат. Дадов сè од себе и одлично бев примен, а им благодарам на сите и во Барселона, кои се неверојатни. Без сомнение се еден од најдобрите клубови во светот. Благодарност и до аргентинската репрезентација, која најмногу ја сакам, додаде Агуеро.

Аргентинецот во летниот преоден рок ја засили Барселона од редовите на Манчестер Сити, каде постигна 184 голови на 275 натпревари во Премиер лигата и стана најдобар стрелец на сите времиња.

Фудбалската кариера на Агуеро траеше 18 години по неодамнешните компликации и констатираната срцева аритмија поради која предвреме го напушти теренот за време на првенствениот натпревар меѓу Барселона и Алавес (1:1).

Аргентинецот првично требаше да паузира од фудбалот три месеци, но набрзо почнаа да пристигнуваат вести дека состојбата со неговото срце е многу посериозно и веќе нема да може активно да игра фудбал.

Next Post

Маричиќ: Законските измени ги носиме низ демократски и инклузивен процес

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk