ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев ќе ја поднесе оставката следната недела, очекува првиот успех на новата влада да биде Меѓувладина конференција со ЕУ

December 15, 2021 20:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев вечерва најави дека оставката на премиерската функција ќе ја поднесе во текот на наредната недела. Очекува по формализирањето на оставката во Собранието, неговиот наследник како нов премиер да биде Димитар Ковачевски, а првиот успех на Владата да е одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

– Овие денови завршуваме со консултациите со коалициските партнери. Тоа што можам да го кажам е дека се заокружуваат важни процеси и програмски и владини и кадровски, така да ќе ја донесам одлуката некаде на почетокот на следната седмица и штом ја донесам веднаш ќе соопштам и кога точно ќе биде формализирана пред Собранието, изјави Заев за ТВ 24 кој вечерва во седиштето на СДСМ и формално му ја предаде лидерската фуннција на новиот претседател на партијата Димитар Ковачевски.

Во однос на бугарското вето, Заев не губи надеж дека новата бугарска влада ќе ги даде позитивните реакции. Вели дека македонската страна е на располагање да се допрецизираат деталите со Владата во Софија.

– Знаејќи дека на 13-ти се формираше новата бугарска влада не можете да очекувате на 14-ти Советот за општи работи каде што присуствуваат министрите да донесат одлука. Јас навистина не губам надеж дека новата бугарска влада со помош на претседателот Радев ќе ги дадат позитивните реакции. Конечно имаме дадено наши одговори и верувам дека се надминати сите недоразбирања. Ако остануваат детали ние сме на располагање како држава, под раководство на идниот премиер да ги допрецизираме и да ги разговараме, рече Заев.

Соопшти дека со новиот премиер на Бугарија Кирил Петков разговарале дека не подоцна од шест месеци прашањето треба да се реши и се согласиле дека треба да се формираат работни групи за енергетика, инфраструктура, економија, култура, здравство за, како што кажа, да можат да создаваат амбиент да се надминат проблемите.

Заев очекува токму одржувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ да биде и еден од првите големи успеси на новиот премиер Димитар Ковачевски.

Тој смета дека не се потребни предвремени парламентарни избори за да може државата, односно економијата да расте и да се развива.

– Земјата е со унапредено и зголемено парламентарно мнозинство кое во иднина има сериозни амбиции да јакне, а тоа ќе биде охрабрено со сите следни успеси и предизвици кои ќе ги совладува новата енергија и новата надеж под раководство на СДСМ, а со тоа и новата Влада навистина да дадат едно освежување кое не само што ја потврдува нашата обврска да му дадеме на нашиот народ, на нашата економија и држава еден две и полгодишен период без избори за да може да расте, да се развива да ги ползуваме економските бенефити од сите големи политички одлуки кои се донесени. Затоа што сите големи политички одлуки беа заради поголем економски стандард на граѓаните исправени пред овие кризи кои ќе траат сигурно до пролетта и пандемијата и енергетската криза и тоа само по себе потврдува дека државата треба да има редовни избори во 2024 и знам и верувам дека СДСМ повторно ќе победи, рече Заев.

Од Ковачевски како нов претседател на СДСМ очекува да ги чува вредностите на партијата, а тоа, како што рече, се солидарноста, слободата, демократијата, еднаквоста меѓу граѓаните, и заради тоа што преку оваа партија и е потребен на татковината.

– Да го негува и во партијата и во државата и слободата и демократијата заради тоа што тоа се вредности коишто и крв сме прелиле во минатите години кога се боревме за самите вредности, а секако токму СДСМ е една од најголемите државотворини партии кои во сите овие 30 години независност ја одигра својата државничка улога. Аманетот е да победува на следните избори за социјалдеморкатијата и своите вредности да бидат уште повеќе имплементирани во нашето современо општерство, но секако и преку ваквите победи да го гарантира евроатлантскиот пат на државата, да има доволно трпение и да биде подобар претседател од мене, рече Заев.

Додаде дека Ковачевски е извонредно погоден за околностите пред кои е исправена земјата, а тоа е, како што рече, пред се економскиот предизвик.

– Се работи за човек сериозен интелектуалец, доктор на науки, којшто знае да праша, но не дозволува некој да му се наметнува или да диктира од страна, рече Заев.

извор: МИА
Next Post

Централна банка на Англија: Биткоинот може да стане безвреден

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk