ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бугарија со замрзнување на цената на струјата преминува во регулиран пазар, а нашиот пазар е веќе регулиран, вели Бектеши

December 16, 2021 13:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката на бугарскиот Парламент да ги замрзне цените на парното и на струјата значи дека Република Бугарија како членка на ЕУ преминала од либерализиран на регулиран пазар, а ние сме веќе на регулиран пазар што значи со замрзната цената, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

-Треба да бидеме многу внимателни на начинот како ги објавуваме вестите. Треба да имаме предвид дека Република Бугарија е членка на ЕУ и пазарот со електрична енергија е либерализиран, не е како во Северна Македонија и во одредени земји кои не се членки на ЕУ како што е Република Србија, Република Косово,… Замрзнувањето на цената на електрична енергија значи регулирање на пазарот со електрична енергија од страна на Република Бугарија, а тоа веќе се прави во нашата држава. Го направивме оваа година, ќе го направиме и наредната година, имајќи предвид дека иако ни е обврска да покриваме  60 отсто од потребите на Универзалниот снабдувач, ние покриваме 100 отсто со регулирана цена, што значи замрзнување на цената, бидејќи не може да се продаде електрична енергија од страна на Универзалниот снабдувач со цена поголема од тоа што ние ќе ја одредиме преку Регулаторната комисија за енергетика кон крајот на оваа година, појасни Бектеши во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата по завршната конференција „15 години ја олеснуваме трговијата“ по повод едногодишното претседавање на С Македонија со ЦЕФТА.

Прашан за берзанските цени и дали се предвидува помош за да не сепокачи многу цената на струјата, министерот Бектеши појасни дека Владата веќе го сторила тоа со обезбедените 65 милиони евра за ЕСМ и МЕПСО, а наредната недела, како што кажа, планира да одвои уште околу 15 милиони евра за ЕСМ. 

-Ние јавно кажавме дека им помогнавме и на ЕСМ и на МЕПСО со 65 милиони евра за да се зголеми ликвидноста во ЕСМ, а секако и да се наплатат и повлекувањата на електрична енергија од европската мрежа од страна на МЕПСО што се направени во минатото. Следната недела дополнителни приближно 15 милиони евра ќе се вбризгаат во ЕСМ со цел да има ликвидност и во делот за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. При крај се пробите за целосно да се стави во функција ТЕЦ Неготино, каде ќе има дополнителен капацитет од 190 мегавати на час, рече Бектеши.

Со овие капацитети  со кои моментално работиме, додаде, целосно ги покриваме потребите на Универзалниот снабдувач.

– Хидрологијата е подобрена во овој период во нашата земја и ако не се случи некаква хаварија, испад на блок во РЕК Битола или, пак, во ТЕЦ Осломеј, и доколку со целосен капацитет работи ТЕЦ Неготино ќе има и вишок на производство на електрична енергија што ќе можеме да ја понудиме на слободниот пазар, во овој случај на големите потрошувачи, истакна министерот за економија Бектеши. 

извор: МИА

Next Post

Мерката за патување во Грција е приверемена за празничниот период, задолжителниот ПЦР тест треба да не е постар од 72 часа

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk