ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Одбиено барањето на косовскиот заменик-министер за правда за посета на осудените за „Диво Насеље“

December 16, 2021 15:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Управата за извршување на санкциите не ја дозволи бараната посета на осудените лица за „Диво Насеље“ од страна на заменикот министер за правда на Косово, Блерим Салаху. Салиху, како што информираат од Управата, може да го посети КПД Идризово, но не и на осудени лица.

Од Управата за извршување на санкциите, информираат дека во согласност со член 199 став 1 и 2 од Законот за извршување на санкциите, осудените лица-странски државјани кои издржуваат казна затвор во казнено- поправните установи во Р.С.Македонија, можат да бидат посетувани од конзуларен претставник сообразно со правилата на меѓународното право, под услови на реципроцитет.

– Конзуларниот претставник е должен претходно да ја најави и закаже посетата во установата во која лицето ја издржува казната затвор. Во случајов, Амбасадата на Република Косово се обратила со барање да му се овозможи на заменикот министер за правда на Република Косово да ги посети косовските државјани кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, а од слобода се лишени на 09.05.2015 година во Куманово. Согласно наведеното, Управата за извршување на санкциите смета дека заменикот министер за правда не е конзуларен претставник на својата држава во Р.С.Македонија, туку е политички претставник на Р.Косово-именуван функционер кој не е истовремено овластен да е конзуларен претставник на Р.Косово за што треба да исполни посебни услови предвидени со меѓународното право. Од оваа причина, почитувајќи го законот, Управата за извршување на санкциите Ве известува дека не сме во можност да ја дозволиме бараната посета на осудените лица наведени погоре во текстот, се вели во соопштението од Управата за извршување на санкциите.

Заменикот министер за правда на Косово, Блерим Салаху на 8 декември, најави дека на 9 декември ќе го посети Скопје, како и затворот „Идризово“ и дека ќе оствари средба со раководството на установата, но потоа посетата беше одложена.

Во престрелка во мај 2015 година во кумановската населба Диво Насеље, животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, а беа убиени и десет членови на вооружената група.

За настаните во „Диво насеље“ од февруари 2016 година во Кривичниот суд се водеше судско рочиште против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”. Сите 29 обвинети за кумановските случувања пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се водеше постапка против осум лица помагачи на вооружената група од „Диво насеље“, со што бројот на обвинети се зголеми на вкупно 37.

Основниот кривичен суд Скопје во ноември 2017 ја објави првостепената пресуда, а Апелација ја потврди во јули 2019 година. Од 37 обвинети за „тероризам“ и „терористичка организација“, 33 лица беа осудени за делата (седум на доживотна казна затвор, а останатите 26 лица на казни затвор од 12 до 40 години), а за четири лица е донесена ослободителна пресуда.

извор: МИА

 

Next Post

Заев за ТВ21: Изненаден сум што Пендаровски го промени ставот за „Open Balkan“, неразбирлива е ваквата негативна реакција од првиот човек на РСМ

Shortcut

Најново

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk