ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Шахпаска: Со заедничка работа ќе ги подобриме правата на работниците во случаи на несолвентност на работодавачите

December 16, 2021 13:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска  денеска учествуваше на конференцијата за Твининг Проектот „Зајакнување на заштитата на вработените во случај на несолвентност на нивниот работодавач“, финансиран во рамки на ИПА II Акциската програма. На церемонијата на отворање на проектот, беа и раководителот на Одделот за соработка при Делегацијата на Европската унија во Скопје, амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш и проект лидерот Карол Јокл.

Министерката Шахпаска во своето обраќање дека со имплементација на Проектот, Владата и Министерството за труд и социјална политика продолжуваат да работат на заштитата на работничките прави, на зачувувањето на секое работно место и обезбедување на социјална сигурност.

„Овој проект бара заедничко политичко решение за избор на соодветен модел за нашата земја, затоа што засега и во целата социјална сфера. Целта на овој проект е воспоставување на гарантирана мрежа за соодветна заштита на правата на вработените во случаj на несолвентност на работодавачите, во согласност со минималните барања дефинирани во Директивата на Европската унија 2008/ 94, како и во согласност со националниот социо – економски контекст“, рече министерката Шахпаска.

Министерката информираше дека на новиот системски Закон за работни односи Министерството за труд и социјална политика работи заедно со социјалните партнери и со домашни и странски експерти од областа.

„Убедена сум дека во периодот на имплементација на проектот од 18 месеци, заедно со твининг партнерите и нивната експертска поддршка, како и социјалните партнери, ќе ја оствариме предвидената цел и ќе ги подобриме  правата на работниците во случаи на несолвентност на работодавачите. Тоа значи дека прво ќе подготвиме законска рамка за заштита на вработените во случај на несолвентност на својот работодавач заснована на претходна темелна анализа на состојбите и условите за нашата земја и користејќи ги позитивните искуствата од другите земји и минималните барања предвидени со Директивата на Европската Унија  2008/94, Вклученоста на сите засегнати страни во создавањето на Законот  е гаранција дека тој ќе биде квалитетен и применлив“ рече Шахпаска.

Таа информираше дека од средината на 2017 година до денес преку законски измени е изедначена минималнта плата за сите вработени од 9.000 денари на 15.200, и дека со шесте пакети за финансиска поддршка на граѓаните и компаниите во услови на пандемијата со Ковид 19 се зачувани околу 80.000 работни места.

Проектот кој започна во септември оваа година го финансира ЕУ со буџет од 700.000 евра и тој се имплементира во партнерство помеѓу Министерството за труд и социјална работа и  Регионалната развојна агенција Санец – Пезинок, од Република Словачка.

Next Post

Пендаровски в среда, на 22 декември ќе се обрати пред пратениците во Собранието

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk