Ана Ахматова
Нам не ни треба туѓа земја,
Ние создаваме своја –
вода ја поиме
од силен вруток.
Нема суша,
ни лоши берби,
ниту пак вжарена пепел
мирисот носи,
овде ветрот дува раскрилен.
Збоднаа мрчни бури – губитнички
со мој омјаз,
се насели свеж азур
во пустината Каракум.
И децата среде ведра ноќ,
што бркаат сенки од овци,
не знаат за мртвата муза
што ја тажи таткото.
Во мојата земја на трудот
што и да се случи,
пред сечии очи
во историјата заминува
на тесно да се грчи.
Избор и слободен препев од руски јазик: Тања Кармзова Костиглиола
Ана Ахматова (Ана Андрејевна Горенко; 1889 – 1966) е руска поетеса и еден од основоположниците на поетското движење ахметизам.