Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Северна Македонија (МАЛМЕД) и носителот на одобрението Pfizer SRB d.o.o, во ноември годинава одобрија нов рок на употреба за вакцината Comirnaty. Новиот рок на употреба е одобрен и од Европската агенција за лекови (EMA), информираат од МАЛМЕД.
Прецизираат дека збирниот извештај за особините на лекот и Упатството за употреба следствено се ажурирани и во нив е наведен новиот рок на употреба на замрзнатите вијали, кој е продолжен од 6 месеци на 9 месеци. Условите за чување остануваат непроменети (на температура од -90 °C до -60 °C).
Во рамки на рокот на употреба од 9 месеци неотворените вијали може да се чуваат и транспортираат на температура од -25 °C до -15 °C еднократен период од најмногу 2 недели и може да се вратат на температура од -90 °C до -60 °C .
Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Северна Македонија (МАЛМЕД) оваа одлука ја има објавено јавно во ноември 2021 година и за истата ги има информирано здравствените работници.