ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Интеркултурализмот е основа на новата Концепција за основно образование

December 17, 2021 15:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заедничките часови се особено важни во креирањето услови за редовен и континуиран позитивен контакт меѓу учениците кои учат на различни јазици на настава. Не дека досега не се организирале. Но, јас сум посебно благодарна осумте средни училишта во Град Скопје кои ги спроведуваат овие заеднички часови како и 27 основни училишта од 9 општини во државата, кои беа мониторирани и токму од нивното искуство произлезе еден важен водич за организирање заеднички часови со кој се стандардизира моделот на ваков тип на настава, кој верувам дека ќе биде корисен за сите општини и училишта.

Ова го истака министерката за образование и наука Мила Царовска на денешната промоција на Упатството за организира на заеднички часови, публикација чија цел е унапредување на интегрираното образование во земјата.

„Ова упатство сведочи за квалитетната интер – институционална соработка помеѓу централната и локалната власт, како и сите релевантни образовни институции и партнерски организации. Се изработува за прв пат и верувам дека ќе даде голем придонес за поттикнувањето на интеракцијата, меѓусебната соработка и довербата меѓу учениците, наставниците и родителите од различните етнички заедници“, рече Царовска.

Министерката потенцираше дека Упатството е логичен чекор на неколку претходни активности врзани за јакнењето на мултикултурализмот и интеркултурализмот, кои како што рече, станаа важни цели и елементи на секоја креирана политика во рамки на образовниот систем.

Потсети дека усвоени се Стандарди за интеркултурно образование во основното образование, а кои се поврзани со Националните стандарди. Изработена е нова Концепција за основно образование, како и нови наставни програми и материјали за учење во основното образование кои етапно се воведуваат и тоа претставува една целина, преку која учениците се насочуваат да бидат толерантни, да ги почитуваат различностите, да не дискриминираат и да прават поделби по било каква, а најмалку по етничка основа.

„И затоа имаме и ќе имаме сé повеќе имаме дечиња од различни етнички заедници, кои учат едни за други, заедно прославуваат празници, одбележуваат обичаи, имаат заеднички наставни и воннаставни активности, одржуваат заеднички манифестации. Тука не застануваме, плановите се долгорочни. Новите задачи се поставени и работиме на нивно исполнување“, потенцираше Царовска, додавајќи дека во фаза на подготовка е нов Закон за средно образование, интеркултурни стандарди за средно образование и Концепција за средно гимназиско образование, кои исто така ќе се посветат на градење  интеркултурни компетенции кај младите.

Упатството за организирање заеднички часови е изработено од Комисијата за унапредување на меѓуетничката интеграција во образованието при Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука и Град Скопје, а во рамки на Проектот на УСАИД за Меѓуетничка интеграција на младите во образованието, со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Македонскиот центар за граѓанско образование и Детската фондација Песталоци.

Next Post

Денеска се регистрирани 327 нови позитивни случаи

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk