ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Со американска донација од 475.000 долари реновирани просториите во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“

December 17, 2021 11:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со американска донација од 475.000 долари реновиран е објектот во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, кој е оперативен штаб на Единицата за брзо распоредување. Донирано е и едно санитетско возило за потребите на оваа Единица.

На пригодната церемонија по повод пуштањето во употреба на реновираниот објект на која присуствуваше и американската амбасадорка во нашата држава Кејт Мари Брнз, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски истакна дека станува збор за уште важна донација од Европската команда на Армијата на САД реализирана преку ИЦИТАБ Програмата – Меѓународната програма за поддршка во обука во доменот на кривичните истраги при американската Администрација. а добиена преку Амбасадата на САД.

– Ова донација е вредна околу 475 000 американски долари со која специјалните полициски единици во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ добија реновиран модерен објект за сместување на полициски службеници во нашата држава, но и од целиот регион, кои што учествуваат во обуки и вежби за организирана обука против недозволена трговија со наркотици. Со овој проект Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, кој е оперативен штаб на Единицата за брзо распоредување ќе има дополнителен инпут и во зголемување на полициската интероперабилност во регионот, бидејќи овие полицајци од повеќе земји и Албанија, Србија, Хрватска, Косово, БиХ, Бугарија, Грција, работат заедно во борбата за сузбивање на меѓународни криминални групи, кои што се занимаваат со трговија со наркотици што несомнено ги преминува границите на една земја и влијае не само на една држава туку на целиот регион, рече Спасовски.

Тој изрази благодарност до ИЦИТАБ програмата кои како наш партнер и силен поддржувач ја препознаа стратешка определба на МВР за имплементирање на сите стандарди за модерното полициско работење и несебично инвестирање во полициското функционирање и капацитетите на Министерството преку бројни донации од разновидна техничка опрема и стручна професионална едукација на повеќе единци на МВР. Со одделот за специјални полициски операции во рамки на повеќегодишната соработка, додаде тој, досега се завршени неколку успешни проекти, а најави и нов проект за обука на специјалните единици за најтешките и најсложени мисии.

Амбасадорката Брнз истакна дека САД се горди што можат да му помогнат на МВР за целосна подготвеност на специјалната полиција за најтешките задачи. Со овој објект за обука ќе се помогне обуката на припадниците на полицијата во земјава, како и соработката со земјите партнери од регионот.

Вашата антитерористичка единица, додаде таа, ја помина интензивната и ригорозна специјална обука заедно со припадниците на специјалните сили на САД, подготвувајќи се за операции во урбана средина. Ја препознаваме важната и опасна работа што полицијата ја врши и затоа, нагласи Брнз, им должиме да ги обезбедиме со најдобра обука и заштита при извршување на нивните должности.

– Северна Македонија продолжува да биде модел на стабилност и владеење на правото низ целиот Западен Балкан. Овој објект ќе овозможи да се зајакне таа посветеност кон владеење на правото и да постави стандарди за извонредност низ целиот регион и за сите полициски сили кои ќе дојдат на обука во него. Идентификацијата и справувањето со транснационалните закани од трговијата со дрога и тероризам бараат заеднички напори и немам сомневање дека заедно ќе можеме да продолжиме со промоцијата на безбедноста и стабилноста и на просперитетот во целиот регион, рече Брнз.

Објектот на Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ располага со два ката што ќе ги користат припадниците на МВР, со по девет простории со различен капацитет за сместување, како и чајна кујна со простор за слободни активности, согласно најсовремените стандарди за сместување. Опремувањето на просторот ќе биде реализирано од страна на МВР како дел од континуираните активности за подобрување на условите за работа на македонската полиција.

извор: МИА

Next Post

Приведен крадец баран со потерница

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk