ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Во очекување на новата цена на струјата, власта уверува дека зголемувањето нема да биде поголемо од 10 проценти

December 17, 2021 07:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Власта уверува дека цената на електричната енергија по Нова Година нема да се поскапи повеќе од 10 проценти, иако некои од медиумите објавија дека новата цена на струјата ќе биде повисока за 38 проценти. Економските министри уверуваат и дека ќе се обезбеди доволно количина на електрична енергија за нормално функционирање на домаќинствата.

Министерот за економија Крешник Бектеши останува на веќе изнесениот став дека поскапувањето на струјата ќе биде најмногу до 10 отсто. 

– Ние ги направивме сите анализи, и не само јас како министер за економија, туку и другите институции беа вклучени како што се ЕСМ, ЕВН, МЕПСО, и согласно нашите анализи останувам на ставот што сум го кажал. Нема да има зголемување повеќе од 10 отсто, изјави вчера Бектеши.

За граѓаните веќе се изработуваат и нови модели во делот на одредувањето на цената за електрична енергија, но тие би важеле од јуни.

-Тие што се најранливи можеби ќе имаат намалување во делот на електричната енергија од јуни наредната година, а тие што прават потрошувачка над или повеќе од еден мегават и што трошат толку многу електрична енергија, за нив дополнително ќе се зголеми цената. Ова го зборувам за јуни, имајќи предвид дека двапати годишно носиме одлуки за утврдување на цената на електрична енергија, рече Бектеши.

И вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи гарантира дека цената на електричната енергија по 1 јануари нема да се зголеми за онолку колку што тврдат дел од медиумите.

– Гарантирам дека во јануари цената нема да се покачи на ниво на кое одредени медиуми или пак поединци сакаат да го покажат за да креираат страв кај народот. Како што докажавме на 1 јули, така и на 1 јануари ќе докажеме дека цената ќе биде се уште најниска во целиот регион и ќе обезбедиме доволно електрична енергија за да продолжи да тече нормалниот живот онака како што треба, изјави Битиќи.

Вели дека во моментот најважно е државата да има доволно количина на електрична енергија и затоа како Влада се фокусирани на производство на електричната енергија по цена која ќе биде достапна за граѓаните.

Замрзнувањето на цената на струјата и на парното со цел да се спречи ценовен шок, според него, не е одржлива мерка, а евентуалното укинување на евтината тарифа е одлука која треба да ја донесе Регулаторната комисија за енергетика.

-Како Влада можеме да кажеме што сме подготвени да направиме и да интервенираме од аспект на евентуално субвенционирање на одредени сегменти. Кажавме дека се што е потребно како евентуална поддршка и помош кон ЕСМ или МЕПСО, ќе го направиме, другото останува на РКЕ да одреди и да даде предлог кој што е одржлив, бидејќи тие ги знаат движењата и трошењата на електрична енергија во одредени временски периоди. Може да кажат да има кратење на периодот на евтината тарифа зашто имаат преглед дали се троши електрична енергија во тој временски пик или не. Ние сме отворени да зборуваме за тоа но не на штета на граѓаните, потенцира Битиќи.

До крајот на годината, Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе одлука за новата цена на струјата./МИА/.

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Заев, Ахмети и Ковачевски порачаа дека Владата е стабилна, следните избори ќе бидат редовни

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив, Крушево

Дневен хороскоп со Анаис за 2 јуни 2026: Дисциплина во чекорите и прагматични решенија

June 1, 2026
Фото: Охрид „СОС“

Куќата во Охрид изградена 1927 година се руши, надлежните си ја префрлаат одговорноста

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди директен настап на Светското првенство во МТБ Маратон

June 1, 2026
Кој е Арне Слот менаџерот што ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Емотивно проштално писмо на Арне Слот до навивачите: Промената е дел од фудбалот, Ливерпул ќе продолжи да ве прави горди

June 1, 2026

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

June 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk