ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Грција ја разгледува можноста за зголемено тестирање на населението за Ковид-19

December 20, 2021 12:05
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Се разгледува можноста за зголемено тестирање на населението, како на вакцинираните, така и на невакцинираните, откри министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“ и паралелно отфрли било какво сценарио за воведување карантин во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Плеврис објасни дека во следните денови надлежната комисија на епидемиолози ќе одржи состанок и ќе бидат соопштени евентуални одлуки, рече дека она што се разгледува е во некој момент да постои тестирање на популацијата, за да може да постои комплетна епидемиолошка слика за земјата.

-И Божиќ ќе славиме и Нова година ќе славиме и бидејќи слушам различни сценарија, не постои размислување да одиме на рестрикции кои ќе упатуваат на локдаун, истакна Плеврис.

Објасни дека во овој момент функционираат според конкретен модел и нема да има промени, односно затворените простори и понатаму ќе бидат само за вакцинирани.

Истакна дека многу важна била одлуката да се намали на три месеци периодот меѓу втората и третата доза, „бидејќи во овој момент над 70 отсто од оние кои имаа право да примат трета доза или имаат закажано термин или веќе се вакцинирани“.

-Од целосно вакцинираните над 60-годишна возраст, 90 проценти примиле трета доза , а во однос на првата доза, во оваа старосна група, имавме 580.000 невакцинирани лица. Сега, закажале термин или примиле прва доза 120.000 плус 20.000 лица побарале вакцинација во домашни услови, рече министерот за здравство на Грција.

Плеврис објасни дека земјата се наоѓа на крајот од четвртиот бран и е во исчекување на петтиот, на варијантата Омикрон, истакнувајќи дека е важно е да се забави новиот бран, а во таа насока се и мерките воведени вчера, односно задолжителниот тест за влез во Грција, за што рече дека целта е да се ограничат увезени случаи на новиот сој.

Додаде дека „со темпото со кое што се движи Омикрон, ќе биде во фокусот во јануари и затоа од сега работиме со модели и вонредни планови“.

Вчера, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис одржал состанок со надлежните министри и епидемиолози за ситуацијата со пандемијата, а според грчките медиуми на маса било сценариото за воведување задолжителен тест за влез во ноќните клубови и барови (кои работат само со вакцинирани) за периодот околу Нова година./MИА/.

Next Post

Унгарија ќе стави вето врз можни санкции на ЕУ за Милорад Додик, вели Сијарто

Shortcut

Најново

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk