ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Го потврдуваме капацитетот за реформи и политики за регионална соработка

December 20, 2021 21:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

После искреното добредојде од колегите од Албанија, ја започнуваме работната вечера на „Отворен Балкан“, заедно со претседателот Вучиќ и со нашиот домаќин, премиерот Рама. Утре продолжуваме со работната агенда, на којашто ќе потпишеме повеќе договори за реални придобивки и добробит на нашите народи, напиша премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук, во пресрет на утрешниот седми состанок во рамки на иницијативата „Отворен Бакан“.

Во македонската делегација, што ја предводи Заев, се замениците министри за финансии Димитар Ковачевски и за земјоделство Трајан Димковски, како и голем број стопанственици.

-Од првата средба во Скопје во јули до првото потпишување на договорите коешто ќе се случи во Тирана, покажавме дека силната политичка волја може да се трансформира во брзо функционирање на нашите институции. Со тоа го потврдуваме нашиот капацитет како земји за спроведување брзи, ефикасни и напредни реформи и политики за регионална соработка, истакнува Заев.

Како што јави дописничката на МИА од Тирана,  македонската и српската делегација, предводени од Заев, односно претседателот Алекандар Вучиќ, вечерва во Елбасан  беа пречекани од домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама и вицепремерот Арбен Ахметај и министри од владата.  Делегациите, особено српската, во Fish City пристигнаа под силно полициско обезбедување, Големи полициски сили има на поширокото подрачје околу објектот, каде е неформалната вечера.

Според Ора њуз, на вечерата присуствувал и Александар Сорос, син на милјардерот Џорџ Сорос, кој е голем пријател на Рама. Тој во Елбасан пристигнал со приватен автомобил.

Според официјалната агенда, утре во 9 часот делегациите треба да прстигнат во Палатата на бригадите во Тирана, по што во 9:05 ќе има средба Рама-Заев-Вучиќ. Во 9:30 почнува состанокот на кој прв ќе се обрати домаќинот, Рама, потоа Вучиќ, па Заев како и Комесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји, генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ, како и директор на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек. По потпишувањето на петте договори за во 13 часот е најавена заедничка прес конференција.

извор: МИА
Next Post

Царовска: Делото на Конески е аманет, учениците, студентите и научниците да придонесат во негувањето и унапредувањето на македонскиот јазик

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk