ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Попов: Од лични хирови избегнуваат да го реализираат проектот за автобуското метро

December 21, 2021 08:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Разбирлива е нервозата кај ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи критиките се издржани, во целиот овој период откако е назначена градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ ние гледаме само потврда за нејзината неспособност, истакна организацискиот секретар на СДСМ Мартин Попов, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Тој наведе дека во изминатиот период имаше конкретни разрешувања на директори на ЈП за што градоначалничката даваше ветувања дека истите, ако имаат резултати ќе имаат шанса да продолжат да работат понатаму.

„Стопирани се капитални проекти за градот Скопје и сметаме дека тоа е личен хир и недоволно познавање на проблемите на граѓаните и сведоци сме на раскинување на веќе потпишани договори за клучни проекти за граѓаните“, нагласи Попов.

На фалбите на градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ дека во изминатиот период исчистила 90 депонии, Попов истакна дека би било фер граѓаните да ги слушнат локациите на кои се наоѓаат тие депонии и дали се тоа диви депонии или сметилишта кои несовесни граѓани ги креираат во одредени општини, за што не треба да има дадено ветување, бидејќи тоа е дел од работата на градоначалниците на општините и во градот Скопје.

Попов го повика ВМРО-ДПМНЕ да не манипулира со долгот на градот Скопје, наведувајќи дека тој изнесува 50 милиони евра, исто колку што беше во 2017 година, но разликата е во тоа што на сметката на градот сега има 12 милиони евра готовина, 2 милиони се на посебна сметка за реконструкција на школите, 2 милиони евра се средства за Универзална сала, 2 милиони беа обезбедени и за Хасан Приштина, но проектот е прекинат од неразбирливи причини на градоначалничката, 20 милиони се обезбедени за Момин поток како клучен проект за мобилноста на граѓаните.

„Бегате од сите проблеми, чесно би било да кажете пред граѓаните дека ако не знаете како да ги решавате проблемите, да отстапите, дајте некои други луѓе што знаат тоа да го направат, да го направат“, рече Попов, во врска со обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за изградбата на клучката Момин поток и обвинувањата дека не е извршена експропријација на целокупното земјиште.

Тој изрази жалење поради раскинувањето на договорот за реализацијата на проектот БРТ, којшто како зелен, ефикасен и ефективен превоз, треба да го реши деценискиот проблем на градот Скопје со јавниот превоз.

Јавниот превоз е суштинска потреба на граѓаните со децении, а сега кога имаат зелен наградуван проект, од лични хирови избегнуваат да го реализираат и одат на набавка на нови автобуси, кои ќе сообраќаат по линии од пред 45 години, нагласи Попов, додавајќи дека веќе е видено како ВМРО-ДПМНЕ набавува автобуси, за кои не случајно се водат предмети.

Во врска со китењето на градот Попов наведе дека таквиот однос на градоначалничката кон Скопје и кон новогодишните празници се рефлектира и на други гранки кои стопанисуваат во градот.

„Сега немаме со што да привлечеме туристи за Нова година. Немаме што да понудиме, немаме програма. Првичното ветување беше до 10-ти декември дека ќе биде украсен градот, после се пролонгира до 15-ти и се уште не е целосно украсен. Не знам како и во чие име Арсовска одлучува да прими донација, кога надлежен за тоа, според закон е Советот на град Скопје, нагласи организацискиот секретар на СДСМ Мартин Попов, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Извор: Локално.мк

Next Post

Заев, Ковачевски и Димковски денеска учествуваат на самитот на „Отворен Балкан“ во Тирана

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk