Советникот во Општина Аеродром од СДСМ, Љупчо Недески во изјавата за медиуми, го повика градоначалникот Муцунски да даде одговор за одлуката на Арсовска за прекинувањето на изградбата на мостот „Генерал Михајло Апостолски” кој ги поврзува Општина Аеродром и Општина Гази Баба.
На прашањата од Фронтлајн – Какви и колкави губитоци ќе претрпи Општината и граѓаните на Аеродром од оваа одлука? Дали ова е единствена или има и други вакви одлуки? Што ќе преземете вие?, Недески одговори дека стопирање на изградбата на мостот не е решение и е непочитување на ставот и желбите на граѓаните.
„Дали ова е единствена одлука зависи директно од градоначалникот Муцунски и градоначалничката Арсовска. Со тоа што сметаме дека и оваа одлука ќе биде повлечена за доброто на граѓаните. Бидејќи стопирање на изградба на мост кој поврзува две општини на кој би требало да се очекува фреквенција на сообраќај од преку дваесет до триесет илјади возила во денот каде што се растеретува сообраќајниот метеж кај Булевар Јане Сандански и Булевар Србија. Ова е од непосредно значење на граѓаните и чија завршница ја очекуваат. Да не го занемаруваме фактот дека поголемиот дел од мостот е завршен. Доколку ги послушаат граѓаните и нивните интереси сметаме дека тој мост треба да се заврши и да биде пуштен што поскоро во употреба. Сообраќајниот метеж и проблемите со кој се соочуваат граѓаните на Аеродром и околните општини сметаме дека ќе бидат во голем дел решени со изградбата на истиот. Ние како членови на Советот во Општина Аеродром за почеток го држиме овој прес со што го прашуваме градоначалникот Муцунски. Исто така на следната седница на советот на Општина Аеродром ќе се постави прашање и ќе се бара директен одговор од градоначалникот какви се неговите намери и што тој ќе преземе за решавање на истото. Сметаме дека стопирање на изградбата на мостот не е решение и е непочитување на ставот и желбите на граѓаните“, изјави Недески.
Мартина Ацковска





