ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шентоп: Посакуваме Северна Македонија без губење време да ги започне преговорите за членство во ЕУ

December 22, 2021 09:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Членството на Турција, Северна Македонија и останатите балкански земји во ЕУ, е потребно од политички и економски аспект за ЕУ. Посакуваме Северна Македонија без губење време да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Сметаме дека проширувањето на ЕУ, кое има триангулациско значење за земјите членки и државите кандидати кои преговараат, не треба да биде спречено со политички пречки и дека заедничките вредности не треба да се инструментализираат со цел вршење притисок врз одредени земји. ЕУ треба да има објективен став околу темава. Членството на Северна Македонија во ЕУ е од големо значење и за Балканот и за Европската Унија.

Ова го потенцира во интервју за МИА, Мустафа Шентоп, претседател на Големото национално собрание на Република Турција, кој вчера ја посети Република Северна Македонија, се обрати пред пратениците во Собранието, оствари средба со претседателот на Парламентот Талат Џафери, а се сретна и со шефот на државата Стево Пендаровски.

– Исто така, сакаме да се преземат чекори и во насока на искористување на војската на Северна Македонија од можностите кои ги нуди нашата одранбена индустрија, а кои во изминатиов период се претворија во меѓународен бренд. Особено вооружените беспилотни летала СИХА се сметаат за историски фактор кој ја смени воената стратегија на модерниот свет. Како Турција, секако дека посакуваме братска и пријателска Северна Македонија да го искористи ова наше искуство, вели тој во интервјуто.

Според него, безбедносната состојба во регионот, за жал, како што рече, во последниве месеци е во негативен тренд. Сеператистичката реторика и политичката криза која продолжува во Босна и Херцеговина, како и напнатите односи помеѓу Косово и Србија, оценува Шентоп, се показател на оваа состојба.

– Сметам дека нон пејперите кои циркулираа низ јавноста во април месец и кои предвидуваа промена на граници на етничка база можеби имаа поттикнувачка улога во ова. НАТО е меѓу најзначајните фактори на безбедноста на регионот. Најпрвин, како сојузници, треба да продолжиме со нашата позиција која придонесува за безбедноста и стабилноста, истакнува Шентоп во интервјуто за МИА.

Тој нагласува дека Турција ја смета Северна Македонија за пријателска и братска земја со која има моќни историски врски. Потсетува дека Турција беше меѓу првите земји која ја признаа Република Северна Македонија, и тоа со нејзиното вистинско име и идентитет. Го поддржа членството на Република Северна Македонија во евроатлантските институции, а даде голема поддршка и за членството во Организацијата на црноморска економска соработка./МИА/.

Next Post

1 година стратешко партнерство меѓу Еден на Еден и гигантот TBWA

EVN

НАЈНОВО

Марјан Забрчанец на конференцијата на ЦИВИЛ - Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата, 12 декември 2025 (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Забрчанец: Без силни демократски медиуми, општеството станува лесна мета за пропаганда

January 17, 2026

Чупеска со жесток говор во Собранието: Кривичен законик за елитите, репресија за граѓаните

January 17, 2026

(ВИДЕО) Принцезата Кејт Мидлтон ја прекрши кралската традиција – сама се довезе на прием во Виндзор

January 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Републикански конгресмен предупредува: Воена акција на САД врз Гренланд би значела крај на мандатот на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бојкотирачите тврдат дека Дацо Белски е претепан во Бугарија, во објавата се „послужиле“ и со текст од FRONTLINE.MK

    5 shares
    Share 5 Tweet 0
  • Oвде едноставно не може да му се прости на човек кој спечалил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 16 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мачадо му ја предала медалата за Нобелова награда на Трамп за рушењето на Мадуро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk