ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Откажана собраниската седница за пратенички прашања

December 23, 2021 11:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите информира дека седницата за пратенички прашања закажана за денеска, нема да се одржи.

Џафери посочи дека на денешната седница ќе се констатира оставката на премиерот Зоран Заев, по што ќе течат роковите за натамошни постапки што треба да се преземат за избор на нова влада.

Тој оцени дека е нецелисходно да се одржат пратеничките прашања, бидејќи Владата е во оставка и тоа е воспоставена практика од минатото.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова вчера во изјава пред Собранието порача дека пратеничката група на најголемата опозициска не се откажува од уставното право за пратенички прашања.

– Сакам да укажам на проблем за којшто мислам дека е актуелен. Во членот 93, став 5, јасно стои дека Владата на која и е изгласана недоверба, која поднела оставка или мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада. Во правото постои институтот „Влада во оставка“, што има одговорност. Сега укажувам на еден чуден феномен, а тоа е дека од 24 јуни ние не сме имале пратенички прашања, што значи дека не сме можеле да ја оствариме контролната функција во името на граѓаните, изјави Силјановска-Давкова.

Таа посочи дека одредбата во деловникот вели дека пратенички прашања се поставуваат во последниот четврток во месецот, а пред да се закажат тие се предмет на разговор меѓу координаторите на политичките партии и претседателот во Собрание.

Силјановска-Давкова додаде дека од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ е информирана оти со претседателот на Собранието се договориле денеска да се одржи седница за пратенички прашања.

Инаку, за денеска покрај 55-та собраниска седница со дневен ред Поставување на пратенички прашања, се закажани и продолженија на уште пет други собраниски заседанија.

За во 12.30 часот е закажано продолжение на 25-та седница, на чиј дневен ред меѓу другите е и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка во второ читање, поднесен од пратениците Зиадин Села, Скендер Реџепи, Сурија Рашиди, Сафије Садики Шаини, Абдула Салиу, Елми Азири, Халил Снопче, Илире Даути, Атнан Незири, Артина Ќазими, Хусни Исмаили и Африм Гаши.

За во 12.40 е закажано продолжението на 43-та собраниска седница, на која меѓу другото пратениците треба да ги разгледаат Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка во второ читање, поднесен од Маја Морачанин, Моника Зајкова и Павле Трајанов, како и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование во прво читање, поднесен од Ѓорѓија Сајкоски, Силвана Ангелевска, Благица Ласовска, Велика Стојкова – Серафимовска, Лидија Петкоска, Дафина Стојаноска, Иван Јорданов, Бране Петрушевски, Ангелинка Петкова, Марија Петрушевска, Љупчо Пренџов, Дарко Костовски, Бети Стаменкоска Трајкоска, Иванка Василевска, Здравко Трајанов, Миле Лефков, Тимчо Муцунски, Антонијо Милошоски, Златко Пенков, Игор Здравковски, Даниела Христова, Олга Лозановска, Ане Лашкоска и Петар Ристески.

За во 12.50 е закажано продолжението на 54-та седница на чиј дневен ред меѓу другите се предлозите на закони за изменување и дополнување на Законот за личната карта и на Законот за државјанството на Република Северна Македонија, како и Предлогот на закон за дополнување на Законот за матичен број. Сите три закони се носат по скратена постапка.

Во 13 часот е закажано продолжение на 57-та седница на чиј дневен ред се и два предлог-закони за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Корона вирусот, како и предлозите на закони за изменување и дополнување на Законот за основното образование и на Законот за данокот на додадена вредност. Сите закони се предложени по скратена постапка.

На крај за во 13.10 часот е закажано продолжение на 50-та собраниска седница, на чиј дневен ред меѓу другите се и Предлогот на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, како и предлозите на закони за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат и на Законот за јавни претпријатија и двата во прво читање.

извор: МИА

Next Post

Шолц сака 80 отсто од луѓето во Германија да бидат вакцинирани до 7 јануари

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk