ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Продолжи судењето за „Плацови на Водно“

December 23, 2021 15:54
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со изведување материјални докази од одбраната – стручен наод и мислење од вешто лице Кире Костов, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Плацови на Водно“.

Ова е второ вештачење на вештакот Костов, кој работи во областа на материјално, сметководствено и финансиско работење, што го изработил на барање на одбраната, а предмет на анализа бил преносот на сопственички удел од „Сирах лимитед“ на „Орка холдинг“ и дали тоа било согласно закон, како и со кои парични средства бил платен уделот.

На прашање од одбраната кога е извршен преносот, вештакот рече дека на 12.08.2015 година во Централен регистар е запишана промена, со која дотогашниот содружник „Сирах лимитед“ – Белизе истапил, а пристапил „Орка холдинг“ – Скопје.

– Преносот на удел е врз основа на договор. Постои документацијата за купување на уделот од Орка холдинг, согласно статутот и позитивните законски прописи. Купопродажниот договор изнесува 1.535.000 евра. Купопродажбата е платена од „Орка холдинг“ на „Сирах лимитед“ со повеќе последователни трансакции. Плаќањата се прикажани во мојот стручен наод и мислење, изјави вештакот Костов.

Преносот на уделот, посочи вештакот, е уредно евидентиран во деловните книги.

– На 25.10.2016 година во Централен регистар запишани се промени на основачот на „Систина лајв кеар центар“ Скопје, со која истапил содружникот „Орка холдинг“, а пристапиле „Камчев консалтинг“ Скопје со удел од 870.675 евра и „Орка Фајненес“ Скопје со влог од 428.840 евра. Продажбата е уредно евидентирана во сметководствената евиденција, појасни вештакот Костов.

Прашан, дали за купената градежна парцела постои уредна документација, вештакот рече дека е склучен договор за недвижен имот од 6 илјади метри квадратни во КО Центар-2 од „Лајф кеар центар“ Скопје како продавач и „Супер трејд“ Скопје како купувач на 22.10.2018 година со вредност од 9.642.708 денари со ДДВ.

Прашан како се обезбедени парите за уделот од „Орка холдинг“ кон „Сирах лимитед“, вештакот рече, дека се платени со девизни дознаки преку „Стопанска банка“ Битола, а според денарските изводи на „Орка холдинг“ купувањето на девизните средства е извршено со денарски средства – сопственост на компанијата остварени од тековно работење и финансиски заеми, меѓу поврзаните друштва во рамки на компанијата и физичко лице.

Денешното рочиште започна со задоцнување од еден час, поради отсуство на адвокатот Петар Тимовски, бранител по службена должност на првообвинетиот Никола Груевски.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лиле Стефанова.

извор: МИА

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ може да учи што е одговорност, неговите пратеници сакаат беспредметно да го трошат времето за работа на Собранието

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk