ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски и Шахпаска на предновогодишно дружење со штитеници од Јавната установа за згрижување деца „25 Мај”

December 24, 2021 14:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Штитеници од малите групни домови при Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение „25 Мај“ – Скопје, денеска предновогодишно се дружеа со министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Оливер Спасовски и Јагода Шахпаска, како и со претставници на Одделот за специјални полициски операции (ОСПО).

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, децата имаа можност накусо да се запознаат со работатата на единиците за специјални задачи, за брзо распоредување и за обука и поддршка, да поразговараат со полициските службеници како тече еден нивни работен ден и да ручаат заедно со нив во мензата во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“.

Притоа, како што се вели во соопштението, од страна на министерот Спасовски во име на МВР беа донирани два инвертер клима уреди кои ќе бидат монтирани во објектите каде им се најпотребни, а од Одделот за специјални полициски операции, 25 деца присутни во Полицискиот центар добија и новогодишни пакетчиња, кои се состојат од прехранбени артикли обезбедени лично од припадниците од трите единици – за специјални задачи, за брзо распоредување и за обука и поддршка.

Посакувајќи им добредојде на децата и сите присутни во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, министерот Спасовски се заблагодари на припадниците на специјалните сили на МВР што и годинава издвоија финансиски средства од сопствениот буџет за да ја продолжат веќе востановената традиција и да ги израдуваат овие деца да ja почувствуваат меѓусебната грижа, да почувствуваат дека секој еден е важен.

– За мене е многу важно што полицијата покажува една хумана акција, хумана димензија. Ако сакаме да градиме сериозна доверба со нашите граѓани, ако сакаме да бидеме блиски со граѓаните, а знаеме дека сме должни да ги почитуваме интересите на граѓаните, тогаш е важно да ја покажеме и хуманата страна на полициските службеници, истакна Спасовски.

Министерот Спасовски потсети дека и оваа година што изминува беше тешка и полна со предизвици што ги донесе пандемијата, бидејќи повторно вниманието на сите беше насочено кон зачувување на здравјето и таа грижа за сопственото и здравјето на најблиските мора да продолжи и во Новата година.

– Ние сме тука да бидеме потпора за секој еден од вас! Кога било што ви притреба во животот, Министерството за внатрешни работи ќе биде тука да подаде рака, да ви даде поддршка, помош да одите напред, да ги остварите своите цели и интереси, им порача министерот на најмладите, честитајќи им ја Новата година.

Министерката Шахпаска изрази благодарност до Министерството за внатрешни работи и претставниците на Одделот за специјални полициски операции кои и оваа година издвоија свои средства и ги израдуваа децата од малите групни домови при Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје со подароци.

– Навистина ме радува што традицијата на предновогодишно дружење на децата од малите групни домови со припадниците на Министерството за внатрешни работи, односно Одделот за специјални полициски операции продолжува. Ова е одлична можност децата одблиску да се запознаат со работата на специјалните единици, да поразговараат со нив и да ја задоволат својата љубопитност, рече Шахпаска.

Притоа, таа ја истакна посебноста на припадниците на специјалните единици, како чувари на нашата безбедност. Шахпаска воедно на сите присутни им посака многу здравје, среќа и успех во Новата година.

извор: МИА

Next Post
Меѓу таблите со градовите Велики Новгород и Сочи стоеше и таа со името на градот Севастопољ. Таа деновиве е целосно отстранета од детското игралиште; Фото: Мета.мк

Отстранета е таблата со името на градот Севастопољ од „руското“ детско игралиште во Скопје

Shortcut

Најново

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk