ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Отстранета е таблата со името на градот Севастопољ од „руското“ детско игралиште во Скопје

December 24, 2021 14:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СКАНДАЛИ
Меѓу таблите со градовите Велики Новгород и Сочи стоеше и таа со името на градот Севастопољ. Таа деновиве е целосно отстранета од детското игралиште; Фото: Мета.мк

Меѓу таблите со градовите Велики Новгород и Сочи стоеше и таа со името на градот Севастопољ. Таа деновиве е целосно отстранета од детското игралиште; Фото: Мета.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Детското игралиште со руска тематика зад Универзалната сала во Скопје, во чија изградба учествуваа Општина Центар и Амбасадата на Руската Федерација во земјава, предизвика своевиден дипломатски скандал. Мета.мк откри дека меѓу поставените табли со имиња на руски градови, беше вметната и табла со името на украинскиот град Севастопољ. Станува збор за најголемиот град на полуостровот Крим на Црното море, кој беше анектиран од страна на Руската Федерација и за кој се води спор за нарушување на меѓународното право и територијалниот интегритет на Украина.

По повеќе од два месеци, новинарската екипа на Мета.мк забележа дека таблата со името на градот Севастопољ е отстранета од детското игралиште зад Универзална сала, додека натписите со останатите градови останаа. Мета.мк ја контактираше Украинската амбасада во Скопје, од каде потврдија дека тие за ова прашање реагирале и до Министерството за надворешни работи и до Градот Скопје.

Таблата со градот Севастопољ што беше поставена на детското игралиште кај Универзална сала; Фото: Мета.мк, октомври 2021 г.

Таблата со градот Севастопољ што беше поставена на детското игралиште кај Универзална сала; Фото: Мета.мк, октомври 2021 г.

„Амбасадорката на Украина во земјава г-ѓа Наталија Задорожњук оствари и низа релевантни средби во МНР каде го изрази ставот за недозволивото учество на официјални претставници од Северна Македонија, посебно раководството на Општина Центар, во обидот на руската страна да го легализира статусот на привремено окупираните територии на Автономната Република Крим и г. Севастопољ како посебен субјект на Руската Федерација“, велат од Украинската амбасада.

Оттаму велат дека од МНР го потврдиле својот цврст став за поддршката на Северна Македонија на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Посочуваат дека од МНР ги увериле дека ова прашање ќе биде решено.

Од Амбасадата за Мета.мк додаваат дека Украина го цени фактот што С. Македонија, како земја членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ, не го признава нелегалниот обид на Руската Федерација да го анектира украинскиот Крим. Тие, исто така, потсетуваат дека Северна Македонија е потписник на сите резолуции во Генералното собрание на ООН во врска со илегалниот обид на Русија за анексија на украинскиот полуостров Крим и дека земјава зеде учество на Самитот на Кримската платформа одржан во Киев во август оваа година.

Детското игралиште со руска тематика со отстранетата табла во позадина; Фото: Мета.мк

„Со оглед на ова, во споменатите обраќања Амбасадата апелираше до надлежните итно да се преземат соодветни мерки за исправување на оваа ситуација и нејзино усогласување со принципите и нормите на меѓународното право“, велат од Украинската амбасада.

Детското игралиште со руска тематика со отстранетата табла во позадина; Фото: Мета.мк

И тие неделава забележале дека таблата со името на градот Севастопољ е отстранета од детското игралиште зад Универзалната сала.

„Убедени сме дека тоа е токму резултат на споменатите апели на Амбасадата до надлежните органи на Северна Македонија и соодветно преземените мерки, за кои сакаме да им изразиме благодарност за надлежната и ефикасна реакција“, велат од Амбасадата. Оттаму се надеваат дека вакви вознемирувачки ситуации нема да се повторуваат во иднина, а односите помеѓу двете земји ќе се зацврстуваат и развиваат во духот на пријателството и соработката.

Инаку, поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ на својата Фејсбук страница на 27 септември годинава првично објави дека привршуваат градежните работи на детското игралиште позади Универзална сала, информирајќи ја јавноста дека игралиштето добива нови квалитетни детски реквизити, подна подлога, ново зеленило, како и клупи и канти за отпадоци.

На два дена пред одржувањето на првиот круг од локалните избори во земјава, на 15 октомври поранешниот градоначалник Саша Богдановиќ објави уште еден пост на својата Фејсбук страница, во која информира дека заедно со рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин биле на увид на детското игралиште позади Универзална сала, коешто било изградено како заедничка инвестиција на Општина Центар и Амбасадата на Руската Федерација во земјава. Тогаш ваквиот пост на Богдановиќ го реобјави и Амбасадата на Руската Федерација на нивната официјална страница на Фејсбук.

Новинската агенција Мета испрати прашања во врска со овој случај и до Општина Центар и до Министерството за надворешни работи, како и до Градот Скопје.

извор: МЕТА

 

Next Post
Економски форум Скопје (фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн)

Рама ќе испрати прашалник до сите Албанци, за да го кажат ставот за иницијативата „Отворен Балкан”

Shortcut

Најново

Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026
College students studying and making reports There are touch computers and books in the library for researching.

ПИСА 2025: Три од четири ученици во Северна Македонија под основното ниво во читање

September 9, 2026

Ексдиректорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ѝ се предаде на полицијата

September 9, 2026

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk