Уметникот и графички дизајнер Зоран Кардула, во неговиот импресивен опус, оваа година додаде +347 илустрации.
– Секоја година овој период обично постирам сè што имам илустрирано или дизајнирано, па еве и оваа година да ви ја претсaвувам преку илустрации кои ги изработив, објави на Фејсбук, Кардула.
„Година без социализација како и претходната поради пандемијата, но помината во многу работа, многу уживање во сето тоа што го работам. Секоја илустрација и дизајн се изработени со многу ќеф и задоволен сум од тоа што го имам направено. Годинашната цифра е 347 плус некоја илустрација која ми се има промакнато и секако тука не ги имам ставено логоата и внатрешните илустрациите за книги. Се надевам наредната ќе биде со повеќе дружба а илустрации секако ќе има“, истакнува Карула.
Оваа година Зоран Кардула, на покана од Божиновски часовници и накит, го изработи првиот и локализиран дизајн на Своч (Swatch) часовникот на кирилица – Дениција.
Во изјава за Фронтлајн, тој нагласи дека мотивот за дизајнот на часовникот е во негов препознатлив стил односно лик на жена (овој пат тоа е Дениција), како инспирација од македонската поезија.
Ј. Ѓ.