Уметникот и графички дизајнер Зоран Кардула, на покана од Божиновски часовници и накит, го изработи првиот локализиран дизајн на Своч (Swatch) часовникот на кирилица – Дениција.
Кардула во изјава за Фронтлајн вели дека мотивот е во негов препознатлив стил односно лик на жена (овој пат тоа е Дениција), како инспирација од македонската поезија.
„На мое задоволство проектот кој го започна Божиновски со Своч доби своја завршница и чест целиот овој проект да започне со мој дизајн. За некој ден и официјално ќе биде промоцијата на часовникот кој излегува по повод 30 години од самостојноста на нашата држава и ќе бидат понудени на аукција 30 часовници. Мотивот е во мој препознатлив стил односно лик на жена. Овој пат тоа е Дениција како инспирација од македонската поезија. Ликот е впечатлив, силна, борбена жена облечено во црвено во позадина има мотиви во златен колорит, бои кои дискретно потсетуваат на нашите национални. Се надевам дека проектот Своч на кирилица ќе продолжи и понатаму и дека други наши уметници ќе имаат можност да учествуваат на истиот.“, изјави Кардул за Фронтлајн.
Игор Божиновски во интервју за Иновативност истакнува дека идејата произлегла уште на крајот од минатата година спојувајќи ги преку еден креативен процес тимот на „Божиновски часовници и накит“ и новите технолошки можности на Swatch и јубилејната 2021-ва година во која славиме 30 години од независноста на Македонија. Тој нагласува дека трисете часовници ќе имаат колекционерска вредност, што на часовникот, покрај јубилејната вредност и историскиот момент му додава и исклучителна реткост.
„Успееме да излеземе со јубилејниот часовник кој го нарековме –Дениција, и решивме да го издадеме во ограничен број од само 30 нумерирани парчиња кои имаат колекционерска вредност, што на часовникот, покрај јубилејната вредност и историскиот момент му додаваме и исклучителна реткост.“, вели Божиновски во интервјуто за Иновативност.
Од „Божиновски часовници и накит“ потенцираат дека собраните средства ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно, по избор на авторот кој покрај како дизајнер е познат и по својата хуманост.
Ј. Ѓорѓиоски